8 работи кои е подобро да не ѝ ги кажувате на девојката на почетокот од врската
Колку и да сметате дека вистината и искреноста се секогаш најдобра опција, постојат ситуации во кои може да бидат повеќе штетни, отколку корисни.
На пример, на почетокот од врската некои работи е подобро да ги премолчите, бидејќи може да бидете погрешно сфатени.
8 работи кои не треба да ѝ ги кажувате на девојката додека сте уште „тазе“, за врската да успее:
1. Бројот на девојки со кои сте биле.
Никогаш, ама баш никогаш не се фалете со успешната или неуспешната бројка на девојки со кои сте биле пред неа.
2. На што ги трошите парите
На почетокот, најдобро е сметките да ви останат одвоени.
3. Дека сте зависни од своите родители
Не мора да знае што сè мама и тато завршуваат наместо вас, барем не на почеток.
4. Вашите активности зад затворени врати
5. Моралните недостатоци на вашите пријатели
Никој не е совршена, па така и вашите пријатели. Но, таа не мора да ги знае сите нивни валкани тајни.
6. Дека во минатото сте изневерувале
Ова не е најдобар темел за градење доверба.
7. Што сте добиле од минатата девојка
8. Било која ситница која ќе ве потсети на бившата
Кога нешто ќе ве асоцира на бившата девојка, подобро е да премолчите.
М. Д. | Црнобело