Не се смирувајте покрај некој непостојан, не ве заслужува!

Никогаш не се задоволувајте со некој што не сака да се скроти покрај тебе. Никогаш нема да му бидете доволни.

ne-se-smiruvajte-pokraj-nekoj-nepostojan-ne-ve-zasluzuva-01.jpg

Писмо што ќе ве потсети колку вредите и дека не смеете да се задоволувате со трошки:

Кога се жалите на измешани сигнали, сигурно се жалите на тоа што личноста со која сте не ви нуди стабилност. Не знаете дали ќе ви одговори на пораките за две минути, два дена или два месеци. Не знаете дали ќе ги исполни ветувањата за викендот, ќе ви презакаже или повторно ќе ве откачи во последен миг без објаснување.

Не знаете дали ќе ве третира како негов приоритет, како резервен план или како комплетно невидлива личност за него.

Не ви е потребен некој непостојан, некој кој постојано ве тера да погодувате, ве прави несигурни, некој кој ве става во ситуација да погодувате во какво расположение ќе се појави пред вас или каква улога ќе ви додели во неговиот свет.

ne-se-smiruvajte-pokraj-nekoj-nepostojan-ne-ve-zasluzuva-02.jpg

Потребен ви е некој кому можете да му верувате, некој на кој можете да се потпрете, некој кој не си игра со вашите емоции.

Навистина не ви е потребно некому да значите сѐ еден ден, а ништо наредниот. Потребен ви е некој кој ќе ве третира исто и кога сте сами и во друштво, тажни или среќни, во два часот по полноќ или два часот попладне.

Нема потреба да се будите и да се надевате дека денес ќе биде еден од оние денови кога тој ќе обрнува внимание на вас. Треба да се разбудите и да знаете дека ќе ве третира така како што треба, затоа што тој секогаш ве третира така како што треба.

Не ви е потребна нестабилност, ниту само парчиња од вистината и куп лаги.

Потребен ви е некој кој ќе се појави во вистинското време, ќе ви пише и ќе исполни ветувањата. Некој за кој нема потреба да се прашувате дали му значите затоа што знаете дека му значите.

Потребен ви е и ќе најдете некој кој не престанува да ве третира онака како што заслужувате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg