По мислење на мажите: Кои три особини ги има девојката од соништата?
Постојат одредени карактеристики на жените, што мамат воздишки кај припадниците oд посилниот пол. Не - не мора да изгледаат како модели за Victoria's Secret.
Небесно сини очи, нозе до плафон, беспрекорно затегнати, слаби, секси, прекрасни. И ова се сигурно добредојдени „атрибути“, за кои повеќето мажи не би имале ништо против ако партнерката ги поседува.
Меѓутоа - не се и пресудни. Акцентот сепак се става на карактерните црти, кои неговата избраничка мора да ги поседува, за да мажот има чувство дека ја нашол девојката од соништата.
Запрашани да ја дефинираат преку три особини кои треба да ги има, неколку припадници на посилниот пол ги дадоа своите искрени мислења:
„Таа мора да биде чувствителна и секси. И задолжително е да се смеам со неа. Ако не е забавна, ниту умее да разбира шеги, тогаш нема шанси кај мене.“
„Ми се допаѓаат паметни, весели и искрени девојки. Со сите „бубачки“ во главата, предности и недостатоци. Само нека биде своја, затоа што ни малку не сакам кога девојката ми глуми.“
„Треба да биде самоуверена, мудра и дефинитивно „созреана“. Воопшто не ме интересираат несериозни девојки.“
„Сакам ноншалантни жени. Ниту себе, а ни другите околу неа да не ги сфаќа пресериозно. И да има личен став!“
„Жената мора да поседува смисла за хумор. Сакам кога е помалку луда, ама и интелигентна...“
„Паметна, да знае што сака и да биде креативна.“
М. А. | Црнобело