Зошто се гаси жарта во долгите врски + како повторно да ја запалите?

Како што се зголемува стажот на љубовниот пар, така се менува „хемијата“ помеѓу партнерите. Во прашање е сосема нормален процес. Ова го потврдуваат и многубројните истражувања на научниците, посочувајќи ги хормоните како главни „виновници“. 

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-1.png

Новитетите значително влијаат на сексуалниот живот. А, во моментот кога нивниот однос ќе стане траен, луѓето обично ги фаќа паника, бидејќи тогаш вниманието се насочува на деловите од врската, кои некогаш биле непредвидливи.

Сите сакаат партнер што може да им го пружи посакуваното задоволство во кревет. Сепак, оние што се во долга врска, знаат дека квалитетниот секс е нешто на кое мора да се работи.

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-2.jpg

Факт е дека блискоста, иако е корисна за врската, нема преголемо значење за возбудлив сексуален живот.

Бидејќи толку добро го познавате сопствениот партнер, понекогаш ви се чини како да спиете со личност која веќе во ништо не може да ве изненади.

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-3.jpg

Од друга страна, ако блискоста исчезне – врската ќе настрада.

Зошто се гаси жарта во долгите врски?

Привлечноста и страста се резултат од дејството на хормоните тестостерон и допамин. Со текот на времето, нивното ниво може да се намали.

Честопати, во поголема мера се активираат окситоцинот и вазопресинот -  хормоните кои се најтесно поврзани со романтичната љубов 

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-4.jpg

Крајниот исход е поизразено чувство на поврзаност и блискост, а намалување на сексуалната желба и жарта помеѓу партнерите. Станува збор за сосема природен процес.

Како повторно да ја запалите?

Доколку сакате да ги задржите подеднакво блискоста и жарта во спалната соба, мора свесно да излезете од сигурната еротска зона.

Нужно е заедно со партнерот да внесете одредени новини во постелата, правејќи нешта кои дотогаш не сте ги практикувале.

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-5.jpg

Се разбира, ова не подразбира да водите љубов во тројка и да ги менувате партнерите.

Меѓутоа, реализацијата на интимните фантазии, или, пак, користењето секси играчки, дефинитивно ќе биде од полза.

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-6.jpg

Добрата вест е дека сексуалното задоволство е поголемо на долги патеки, одошто на почетокот од врската. Со други зборови, ако се потрудите, користа ќе биде повеќекратна.

Луѓето неретко сметаат дека потребата да се размислува и разговара за врската, претставува знак дека таа е неквалитетна и не вреди да спасува. Ова е дефинитивно една од најголемите заблуди.

zoshto-se-gasi-zharta-vo-dolgite-vrski-kako-povtorno-da-ja-zapalite-7.jpg

Ако го љубите партнерот и сакате да бидете блиски, мора обајцата да се трудите. А, колку повеќе се трудите, толку повеќе и ќе добиете за возврат, како во емотивна, така и во сексуална смисла.

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg