Зошто на личноста што ве изневерила никогаш да не ѝ дадете втора шанса?
„Измамниците се добри со зборови. Знаат како да манипулираат со луѓето. Тие се најдобриот тип на лажговци што ќе ги запознаете кога било.“
На интернет вирално се прошири писмо од девојка која била изневерена и која испраќа порака до другите луѓе кои се во слична ситуација никогаш да не простуваат и да не даваат втора шанса.
Што порачува таа?
„Никогаш не примајте назад измамник, да токму така измамник - човек кому сте му го подариле срцето и ве изневерил. Верувајте ми, не е вредно да се изложувате себеси на толку болка, бес и срам.
Неверството е избор. Тоа нема никаква врска со вас. Тоа е само одлука на партнерот и поради тоа заслужува да биде исклучен од вашиот живот.
Размислувате да му дадете втора шанса? Немојте! Апсолутно никако. Учете од луѓето кои сакале неизмерно и им дале втора шанса на луѓето што ги изневериле. Тие не се менуваат.
Навиките, мислите и перспективата на измамникот нема да се промени поради вас. Тој ќе пронајде безброј причини за да ви објасни зошто ве изневерил и никогаш нема да ја прифати својата одговорност.
Со него сте осудени на константна несигурност, несреќа и патење. Ќе бидете негова жртва, а тој ќе се храни од тоа. Измамниците се добри со зборови. Знаат како да манипулираат со луѓето. Тие се најдобриот тип на лажговци што ќе ги запознаете кога било.
Уште еднаш, ќе ти се обратам лично, те молам не му давај втора шанса. Не си го прави токсичен животот. Зошто да даваш некому покана комплетно да ти ги растргне срцето и психата?
Верувај ми, ти заслужуваш подобро. Знам дека во моментов не ти изгледа така, но треба да си дадеш време да закрепнеш. Мора да ја пронајдеш љубовта во себе повторно. Не дозволувај оваа врска да ти ги расипе сите наредни.
Постои вистинска љубов на овој свет, колку и да ти звучи клише. Врската не е само двајца луѓе да се вљубат интензивно еден во друг, туку да прават напори да продолжат да се сакаат, дури и тогаш кога не е сè совршено.
Луѓето кои изневеруваат не ја знаат дефиницијата за љубовта. Нивната промискуитетност само ќе направи да се сомневате во самите себе.
Вие сте светлина и тие не ве заслужуваат во животот. Бидете храбри и вашата љубов подарете ја на некој друг.“
С. С. | Црнобело