Пронајдете некој што ќе ве сака и во лошите денови

Пронајдете некој кој ќе знае силно да ве стисне за рака на деновите кога животот нема да биде добар со вас.

pronajdete-nekoj-shto-kje-ve-saka-i-vo-loshite-denovi-01.jpg

Лесно е да пронајдете некој што ќе ве сака во добрите денови, кога ќе се разбудите со насмевка и ќе му направите шолја кафе. Деновите кога босоноги танцувате во кујната, кога ви е слатко што ве фатил дожд и сте немале чадор и кога ништо не може да ве изнервира.

Секој може да сака таква личност.

Но, што е со деновите кога сè изгледа како предизвик? Кога не се чувствувате безбедно, кога ви изгледа дека светот е против вас, кога ве иритира сè и секој и кога давате злобни коментари само за да го исфрлите отровот од вас? Што е со деновите кога сте болни, не сте ја измиле косата со деновите, не сте станале од кревет и имате чуден мирис на лекарства?

Важно е да запомните дека заслужувате да бидете сакани и во тие денови. Заслужувате да бидете сакани во секоја верзија.

pronajdete-nekoj-shto-kje-ve-saka-i-vo-loshite-denovi-02.jpg

Пронајдете некој што ќе ве сака и такви „неподносливи“. Кој ќе ви свари чај од камилица кога сте болни или ќе ви го купи омиленото чоколадо кога сте тажни. Некој кој ќе слуша со часови за вашите иритантни колеги и за пријателката која повторно ве разочара.

Пронајдете некој што ќе ве бакнува и кога сте болна, а вашиот нос ќе му биде сладок и таков црвен. Пронајдете некој што ќе ве смета за убава и со темни подочници и несредена коса.

pronajdete-nekoj-shto-kje-ve-saka-i-vo-loshite-denovi-04.jpg

Пронајдете некој што ќе ја сака секоја верзија од вас. Кој ќе знае силно да ве стисне за рака на деновите кога животот нема да биде добар со вас.

Пронајдете некој што ќе ви дозволува да бидете тоа што сте и што не ја сака само онаа совршената, насмеана, гламурозна верзија вие.

Пронајдете некој што ги толерира сите други верзии од вас, ги цени, разбира, па дури и слави... Само затоа што искрено ве сака.

pronajdete-nekoj-shto-kje-ve-saka-i-vo-loshite-denovi-03.jpg

Прочитајте ги и деветте збогувања со кои завршува секоја љубов!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg