10 работи кои покажуваат дека вашата врска ќе трае засекогаш
На почетокот на врската, сè е совршено и многумина помислуваат дека истата ќе трае засекогаш.
Но подоцна, кога подобро ќе се запознаат и ќе ги откријат сите карактеристики, ставови и недостатоци, може да го променат лесно мислењето.
Сепак, постојат неколку универзални начини на кои може да дознаете дали сте создадени еден за друг.
Доколку уште од почетокот ставовите за важни работи ви се различни и не може да се согласите околу повеќе работи – треба веднаш да ви стане јасно.
Доколку сепак се двоумите, следниве работи ќе ви помогнат да сфатите дали вашата врска има потенцијал да трае засекогаш:
Имате сличен социјален статус
Можеби на почетокот нема да обрнувате внимание на разликите, но ако партнерот е воспитан на различен начин од вас, понатаму тоа ќе се одрази на неговите ставови кои ќе бидат различни од вашите и тоа ќе резултира со многу недоразбирања.
Имате слична смисла за хумор
Би било прекрасно доколку си ги разбирате шегите со партнерот и знаете како сами да се насмеете и да уживате еден со друг.
Имате исти гледишта за родителство
Кога паровите се одлучуваа да имаат дете, тоа значи дека врската или бракот се стабилни. Но сепак, може да постојат скриени проблеми, како што се ставовите околу одгледувањето и воспитувањето.
Затоа, подобро е однапред да разговарате за овие работи, за да знаете дали воопшто треба да го направите тој чекор, пред да биде доцна.
Имате ист или сличен став за финансии
Многу е тешко човек кој не е научен да го планира буџетот, да најде заеднички јазик со некој кој има големо чувство за одговорност и штедење.
Оваа тема е многу деликатна, па подобро е да го поминете животот со човек кој ги дели вашите интереси и ставови на ова поле, б идејќи во спротивно ова ќе ви биде најчеста кавга.
Имате исто мислење за домашните обврски
За да избегнете ситуација во која животот и домот ќе ви бидат хаотични, важно е да имате договор околу домашните обврски.
Затоа е најдобро да живеете со личноста со која сакате да го поминете животот, пред брак, за да видите дали ставовите во врска со ова би ви биле усогласени.
Бидејќи, свесни сте и сами дека би било многу тешко да живеат заедно човек кој може да поднесе хаос и човек кој е „алергичен“ на неред.