12 работи кои може да ги правите додека сте сингл, за квалитетно да си го пополните времето
Многумина се плашат да бидат сами кога подолго време немаат партнер, па веднаш се впуштаат во потрага по нов.
Но, понекогаш, подобро е да застанете и да се обидете да уживате во животот, сами.
Многумина се согласуваат, а научниците потврдуваат дека во одреден период е добро да бидете сами, но доколку ги искористите сите предности.
Па за да не стоите во место и да си го губите времето во тој период „патејќи“, погледнете што сè може да направите.
Не ги пропуштајте шансите кои ви ги нуди животот и користете го секој момент за нешто добро.
Пронајдете ја предноста на „самотијата“ и разберете ја слободата во вистинска смисла на зборот:
Ако не сте во врска, не мора да се „борите“ за место на креветот
Можете да уживате во сонот и да се ширите на целиот кревет, освен ако немате милениче. Но тоа нема да ви го краде ќебето, нели?
За викенди можете да спиете пред ручек
Ако немате закажани работни обврски во сабота наутро, најдобро е да се наспиете до подоцна.
Или пак, да отидете во крајност – разбудете се во 5 наутро, истрчајте се во природа, истуширајте се и потоа одлучете како ќе ви продолжи денот. Сè е препуштено само на вас!
Можете да прочитате многу книги
Ако сте прекинале врска, сега сигурно имате многу слободно време кое претходно било исполнето.
Па, можете истото да го искористите за да ги прочитате омилените книги за кои претходно не сте можеле да најдете време.
Одете во библиотека или во книжарница и влезете во светот на книгите.
Имате време за учење
Што мислите за изучување на нов јазик? Или можеби часови по танцување?
Никогаш не е доцна ниту за да земете курс и да станете програмер или да развиете некоја скриена пасија за која претходно не сте имале време и план.
Можете да станете шеф
Ако љубовта не ви оди периодов, време е да се фокусирате на кариерата. Посветете се целосно и стремете се кон високи цели и напредувања.
Ништо не ве спречува да се впуштите во авантура
Ако претходно сте зависеле од некого, сега зависите само од себе и може да правите сè за што претходно не сте имале можност.
Искористете го времето додека сте слободни и одете на некое егзотично патување на било кое место кое сте го посакувале.
Бидете отворени за било каква авантура и искусете неверојатни доживувања.