18 уникатни комплименти кои можете да му ги кажете на вашиот партнер
Наместо „те сакам“, изненадете го вашиот партнер со нешто поинакво овој пат. Кажете му дека кога сте со него сте најдобрата верзија од себеси.
Ако сте од оној тип на луѓе кои не сакаат клише изјави од типот: „Имаш најубави очи на свет“ и „Ти си мојот живот“, тогаш овие идеи одлично ќе ви дојдат.
Бидете уникатни и кажете му некој ваков комплимент на вашето момче или девојка:
- Правиш да го гледам светот на начин на кој ниту еден друг никогаш не направил.
- Го сакам начинот на кој ме инспирираш да размислувам.
- Кога сум со тебе, јас сум најдобрата верзија од себеси.
- Твојата енергија е заразна.
- Кога сме заедно, сè ми изгледа возможно.
- Ти си мојот константен потсетник дека луѓето може да бидат добри.
- Светот би бил толку здодевен без тебе.
- Како заслужив таква среќа да те сретнам тебе?
- Правиш малите работи да ми изгледаат големи.
- Ме импресионираш секој ден.
- Би сакал/а да бидам барем половина добра личност од тоа што си ти.
- Прегратката од тебе ми е единствената утеха што ми е потребна.
- Ти го сакам мозокот.
- Твоето постоење го прави светот подобар.
- Ти правиш моногамијата да изгледа лесна.
- Правиш да се чувствувам целосен/а.
- Убав/а си и однадвор и однатре.
Ти благодарам што постоиш.
С. С. | Црнобело