На колку години треба да стапите во брак за тој да успее?
Венчавање во раните 20-ти или сепак после 30-тата година? Откриено е кои години се идеални за да го кажете судбоносното „да“ за да останете заедно до крајот на животот.
Некои се решаваат за официјализирање на врската во 20-тите, додека други сметаат дека треба да почекаат барем до 30-тата година.
Иако овој интимен чекор е индивидуален избор, истражувачите решиле да се позанимаваат со него и да ја истражат издржливоста на браковите врз база на годините.
За истражувањето биле проучувани парови кои правеле венчавки од 2006-та до 2010-та година и од 2011-та до 2013-та година.
Резултат: Паровите кои се венчале помеѓу 28-мата и 32-рата година имаат најцврст брак со најмала шанса за развод.
Како што границата се намалува накај 20-тите години, и се зголемува после 32-рата година, така ризикот од разделба растел за цели 5% за секоја година.
М. Д. | Црнобело