Според мажите: Што не треба да носи жената во кревет?
Постојат работи кои интензивно ги возбудуваат припадниците на посилниот пол. Но, има и такви што им ја „убиваат“ желбата, или, пак трпението.
Овојпат, не станува збор за самиот секс, ниту за вештините на љубовниците во постелата, туку за одредени фактори кои ги вознемируваат партнерите и пред интимните односи. Наспроти тоа, девојките неретко ги имаат на себе.
Мислевте дека е некаква облека во прашање? Не. Ова се нештата кои остануваат на вас, дури и кога сте сосема голи. А, на момците ужасно им пречат при разменувањето нежности со својата втора половина.
Што не треба да носи жената во кревет? Дознајте од духовитите одговори на неколку мажи:
Јасно е дека девојките обожаваат кармини, балзами и сјаеви за уста. Момците и не баш.
Па, кога сте во кревет со партнерот, прескокнете го прекумерното мачкање на усните. Што и да нанесете, секако брзо ќе исчезне од нив, зар не?
Притоа, не само што дел од продуктите имаат неубав мирис, туку се и прилично лепливи. Ова може да биде мошне непријатно, особено за мажите, кои обично немаат ништо на своите усни.
Имате впечаток дека слаб ви е парфемот? Ова не значи дека треба да се „избањате“ со него. Не претерувајте со прскање по целото тело.
Доволно е по капка на пулсирачките точки. Така мирисот ќе го почувствува само личноста што оддалечена на неколку сантиметри од вас, а не и соседите од другата зграда.
Воедно, постои можност и дека на партнерот не му се допаѓа парфемот што го носите, или, пак, тој да е изразито јак и вознемирувачки. Па, навистина е подобро да го користите во мали дози.
Избегнувајте да нанесувате масло на телото пред легнување со партнерот, дури и да имате сува кожа.
За разлика од млеката и лосионите, маслата многу потешко се апсорбираат, па може да бидат претерано мрсни и лизгави.
Ни тоа нема да ги воодушеви многумина од мажите.
Покрај непријатниот вкус од кармин на усните од мажот, не заборавајте дека шминката остава траги, како на него самиот, така и на постелнината.
Па, ако веќе не можете без шминка ни во кревет, обидете се да користите козметички продукти кои се сметаат за водоотпорни, односно нема да направат неред насекаде околу вас.
Вашиот партнер ќе ви биде посебно благодарен.
M. A. | Црнобело