Спијам со богаташи. Mи годи сексот и подароците што ги добивам.
„Првo сакав искусни мажи со кои ќе можам да уживам во кревет, но тоа набрзо се претвори во барање спонзори, кои покрај интимни, ќе ми пружат и разни материјални задоволства.“
Каков е животот на жените, кои се одлучни да излегуваат исклучиво со богати мажи? Ова отсекогаш ја скокоткало имагинацијата на јавноста.
Една од нив е 22-годишната Маријана, која ја раскажа својата приказна за магазинот VICE, откривајќи што навистина значи да се биде „спонзоруша“.
„Во средношколските денови, секојдневието ми беше исто како и на сите други тинејџерки. Не бев некоја калуѓерка, ама ништо не навестуваше ни дека за неколку години, сѐ ќе ми се врти околу сексот. Учев и бев посветена на училиштето. Пушев, пиев и имав односи одвреме-навреме. Иако емотивниот живот уште тогаш ми беше прилично бурен, мене ми се чинеше здодевно она што машките ми го нудеа. Дечковците со кои се забавував немаа никаква перспектива во животот и брзо ми здосадуваа. Сексот никогаш не ни траеше подолго oд пет минути. Нив ги интересираше како се покажале во кревет, а јас ги лажев, велејќи им дека било добро.“
Со овие зборови, Маријана ја започна интимната исповед, припомнувајќи си за тинејџерските години со доза на срам и непријатност.
Подоцна се запишала на факултет во друг град. Постепено, таа почнала да се опушта и да ги слуша сопствените инстинкти.
„Започнав живот во нова средина, каде никого не познавав. Па, чувствував слобода да правам што сакам. Излегував со колешките во кафулиња, но немав сретнато никој што ми се допаѓа. Посакував постар и посериозен маж. Некој што има повеќе сексуално искуство од моите врсници. А, не сакав пријателите да дознаат за ова. Одлучив да побарам потенцијални партнери преку интернет. Не на познатите социјални мрежи. Посетив една од страниците каде обично се поврзуваат млади со постари луѓе. Или, поточно речено – со спонзори.“
Штом се пријавила на страницата, веднаш била „бомбардирана“ со понуди за запознавање. Воглавно ѝ пишувале мажи во четириесеттите и педесеттите години.
Повеќето пораки биле пристојни, а не крие дека имало и такви со експлицитна содржина. Меѓутоа, свесна била во што влегува.
„Доколку мислите дека ќе пронајдете милијардер со четири јахти и девет вили, кој ќе ве освои на прв поглед и води на рајски патувања секој викенд, се лажете. Ако таквиот постои, јас уште не сум го нашла. Мажите кои ги запознавам се во солидна финансиска ситуација, што не значи дека се и милионери. Вообичаено се добро ситуирани доктори, инженери или менаџери. Нема сомнеж дека дел од нив се и луѓе во брак, па бараат само разонода, без да си го комплицираат животот со разводи.“
Надоврзувајќи се на муабетот за оженетите мажи, таа се присети на првиот партнер со кого остварила средба. Ја однел во неговата викендичка во мало крајбрежно место.
„Ми рече дека често оди таму да одмара. Откако на прстот му го забележав трагот од венчалниот прстен, сѐ ми стана јасно. Ја користи викендицата за да „одмори“ од сопругата, среќавајќи се со други жени. Меѓутоа, мене не ми пречеше. Не ни очекував дека ќе играме карти или шах. А, ниту тој исто така. Скоро цел викенд имавме секс, по што си заминав дома со нова чанта и 300 евра во џебот.“
По позитивното искуство што го имала првиот пат, Маријана решила да не застане на само еден маж. Наумила да запознае што е можно повеќе спонзори.
„Луѓето би рекле дека спиењето со богати мажи е проституција. Сепак, јас не го правам ова заради пари. Ми годи и сексот со нив. А, се разбира дека нема да го одбијам она што тие ми го даваат. Честопати и самата си барам парфем, масажа, чанта, или, пак, патување на подарок. Тоа се некои ситници кои ми го разубавуваат животот. Ниту сум заработила пари за поголем стан, ни ми било некогаш во план.“
На крајот, признава и дека не е горда поради правецот на живот што го одбрала, ама не може да побегне од себеси.
„Додека некои убиваат време играјќи игри на интернет, јас имам секс со четириесетгодишници и педесетгодишници. Она што започна како интерес, денес ми е вистинска зависност. Претпоставувам дека наскоро ќе посакам поинаков живот. Би требало. Да ја скротам мојата страст, да пораснам, да се омажам, да купам куќа, да имам неколку деца, да чувам куче, а на крајот и да се разведам како и сите други луѓе. Понекогаш чувствувам вина, бидејќи не живеам на начин што се смета за соодветен, а ни добар за сексуалното здравје. И чудно ми е во исто време. Меѓутоа, задоволството е сѐ уште поголемо од срамот. Имам 22 години и знам дека ова мора да запре во одреден момент. Можеби ќе треба и да побарам помош за да го надминам. А, од сегашна перспектива, тоа ми се чини како ужасно досаден предизвик.“
M. A. | Црнобело