7 докажани причини зошто луѓето имаат потреба да изневеруваат
Кога ќе се случи неверство во една љубовна врска, обично прво го бараме виновникот. Но, експертите предупредуваат дека тоа е сосема погрешно. Прашањето не треба да почнува со „Кој?“, туку со „Зошто?“
Причината е клучот. Иако е далеку од пријатно искуство, вреди да ги знаете причините заради кои луѓето имаат потреба да изневеруваат, за во иднина да ги намалите шансите.
1. Недостаток на емотивна интимност
Доколку ви недостасуваат разговорите во кои си ги отворате срцата, има поголеми шанси да посегнете по неверство, отколку ако ви недостасува физичка интимност. 47% од мажите велат дека емотивната оддалеченост од партнерката и недостатокот од поддршка ги натерало да побараат „утеха“ на друго место.
2. Влијание од минатите искуства
Ако човекот бил неверен во минатите врски, постојат 75% шанси да го направи тоа повторно. Необјасниво е зошто ги повторуваме грешките од минатото.
3. Здодевен секс
Недостатокот на забавен секс е причина заради која 70% од мажите и 49% од жените бараат „нешто ново“.
4. Криза во годините кои завршуваат на 9
Сите имаат моменти кога почнуваат да се сомневаат во сопствената привлечност, но тоа многу често се случува кај луѓето кои завршуваат една и почнуваат друга декада. Откриено е дека луѓето најмногу изневеруваат на 29, 39 или 49 години.
5. Опседнатост со социјални мрежи
Ризикот од нереални очекувања се создава токму по социјалните мрежи и секоја онлајн комуникација лесно може да ни создаде илузија дека она што го имаме во реалноста не е доволно интересно.
6. Работа која вклучува чести бизнис патувања
Според истражувањата, 1/3 од мажите кои изневеруваат тоа го прават на бизнис патувања. А, 13% од жените имаат афери на работното место.
7. Недостаток на окситоцин
Хормонот кој се лачи кога се бакнуваме и прегрнуваме е исклучително важен за врската да се темели на доверба, без изневерување. Па така, поверни се паровите кои почесто физички се допираат и бакнуваат, отколку оние кои имаат ладен однос.
М. Д. | Црнобело