10 болни фази низ кои ќе минете ако партнерот ве изневери

Ќе бидете повредени, разочарани, бесни, ќе обвинувате и ќе се обвинувате и ќе имате низа бессони ноќи.

10-fazi-niz-koi-kje-minete-ako-partnerot-ve-izneveri-01.jpg

Кога во љубовта ќе се измешаат лагите и неверствата, тогаш сè се претвора во пепел.

Ако партнерот ве изневери, тогаш ви се случува вистински ролеркостер од емоции.

Фази низ кои ќе минете ако ве изневерат:

1. Ќе се прашувате каде погрешивте. Ќе ве мачи мислата дали бевте доволно добар партнер, ќе се обидувате да се сетите дали имавте доволно често секс со партнерот. Ова е измачувачки, но е нормална реакција.

2. Ќе се мачите со тоа како не откривте порано. Како не забележавте дали телефонот му ѕвони почесто, дека подоцна се враќа дома? Тие моменти ќе ви бидат на ум и ќе ви биде тешко да прифатите како не сте виделе што ви се случувало пред очи.

3. Ќе ви се промени смислата за хумор. Шегите за неверство ќе ве болат понекогаш, исто како и вашите омилени песни и филмови, кои сега ќе ги гледате од друга перспектива. Ако останете со партнерот, ќе ве повредува дури и негов коментар дека некоја пејачка е секси. Нема да бидете безгрижни како порано, барем некое време.

10-fazi-niz-koi-kje-minete-ako-partnerot-ve-izneveri-03.png

4. Ќе исчезне довербата во партнерот. Ако се одлучите да останете со партнерот, треба да биде свесни дека довербата ќе исчезне на долго, долго време, а можеби и никогаш нема да се врати. Постојано ќе нагласувате дека сакате искреност и дека нема да ги повторите истите грешки.

5. Вашата самодоверба ќе биде разнишана. Ќе почнете себеси да се гледате со многу критицизам. Нема да бидете задоволни од изгледот на своето тело, но вистината е дека проблемот не е во вас, туку во вашиот партнер што се осмелил да изневери.

6. Ќе се опседнете со инфекции и сексуално преносливи болести. Што ако не носел заштита, што ако ми префрли нешто? Најдобро одете и тестирајте се веднаш за да спиете мирно.

7. Ќе бидете засрамени. Порано или подоцна, семејството и пријателите ќе дознаат и ќе се чувствувате како будала во нивните очи. Уште е полошо ако некој друг знаел пред вас. Нема да можете како порано да им ги раскажувате вашите романтични мигови затоа што знаете дека никогаш нема да заборават што се случило пред тоа.

10-fazi-niz-koi-kje-minete-ako-partnerot-ve-izneveri-02.jpg

8. Ќе се прашувате за иднината на врската. Дали ќе ве изневери повторно? Ќе сакате да се убедите дека сите изневеруваат за да ви биде полесно. Но, ако сте одлучени да останете со овој партнер, тогаш мора да излезете од кругот на негативните мисли. Обидете се да се сетите како изгледаше вашата врска пред неверството и кои се сите добри работи што ве поврзуваат.

9. Ќе бидете ужасно бесни. Како некој кому целосно му верувавте можеше да ви го направи ова? Партнерот направи избор да ја изневери вашата доверба.

10. Еден ден ќе се чувствувате посилни. Еден ден ќе сфатите дека тоа што ве изневерил партнерот не ве дефинира вас како личност. Изгледајте го видеото на Бијонсе „Sorry“, ако треба и 10 пати. Време е да оставите сè зад себе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg