Важни вештини кои паровите треба да ги поседуваат за да ја спасат врската
Семеен психолог, Гај Винч, повеќе од 20 години им помага на паровите, а смета дека среќата и задоволството во врската зависат од неколку клучни фактори.
Овие фактори не се инстинктивни и бараат многу учење и подготовка, па за да се усовршат вештините потребно е вежбање и труд.
Со цел да ја одржите врската среќна и да ја спасите од пропаст, потребно е да развиете одредени навики и вештини.
Погледнете дел од нив:
Сочувствувајте еден со друг
Ова е способност да се ставите себеси во „туѓа кожа“ и да дадете фидбек – да ја поддржите другата личност или да се спротивставите, да бидете тажни и среќни заедно.
Разгледајте ги сите околности и размислете како вие би постапиле, пред да осудите. Обидете се да ги сфатите чувствата на партнерот и не правете проблем веднаш.
Имајте разбирање еден за друг
Освен што треба да сте способни да се ставите на местото на партнерот кога тој е во „неволја“, важно е да го правите и за време на кавгите.
Секако, ретко кој за време на кавга признава дека другиот е во право, но доколку успеете да го изговорите и признаете тоа, верувајте може да се случат чуда.
Партнерот ќе сфати дека вие имате разбирање за неговите чувства и дека прифаќате како се чувствува дури и кога се лути.
Бидете внимателни и љубезни
Многумина ја потценуваат моќта на малите дела на внимание и љубезност. Но, доколку заборавите на тоа, ќе влезете во круг од кој нема излез.
Ако едниот партнер демонстрира нервоза без да има потреба, другиот ќе врати со иста мера, и тоа ќе доведе до сериозен конфликт.
Во такви моменти, малите дела, како букет цвеќе, омиленото благо, вкусна вечера или едноставно, прегратка, може многу да помогнат, иако не може да решат сè.
Бидете партнери во одлуките
Некои парови толку многу се навикнуваат еден на друг, што почнуваат да се однесуваат меѓусебно како цимери.
Секој почнува да си живее свој живот и се однесува како со никој да не дели ништо, па често си ги игнорираат меѓусебните мислења.
Но, тоа може да доведе до сериозни проблеми и кавги, па за да се избегне тоа, треба важните одлуки да ги носите заедно.
Секогаш земајте го обѕир мислењето на партнерот бидејќи некои работи влијаат на вашиот заеднички живот.