Важни вештини кои паровите треба да ги поседуваат за да ја спасат врската
Избегнувајте шпекулации
Не се обидувајте да читате меѓу редови и сами да си создавате став за нешто што партнерот ви го кажал и всушност е добро.
На тој начин, може да предизвикате непотребен конфликт кој постои само во вашата глава.
Ако нешто ве интересира во детали, прашајте го партнерот, не си измислувајте сценарио.
Бидете благодарни
Кажете му на вашиот партнер дека сте благодарни што го имате секогаш кога имате шанса, независно дали мислите дека тоа го знае.
Овие зборови имаат посебна моќ, а партнерот ќе се чувствува корисно и неопходно кога ќе сфати како се чувствувате вие покрај него.
Научете прво да бидете среќни сами со себе
Многумина сметаат дека личноста која ја сакаат е одговорна за нивната среќа. Ова е делумно точно, но основата на среќата не лежи во некој друг, туку во самите вас.
Ако сте биле несреќни со животот пред врската, тогаш врската може да ви ја подобри ситуацијата, но привремено, додека повторно не почне да преовладува тоа што ве прави несреќни.
Избегнувајте да го озборувате партнерот
Никогаш не кажувајте ништо лошо за партнерот, зад неговиот грб. И не се работи за тоа дали тој/таа ќе дознае и ќе се налути.
Проблемот е во тоа што вие набрзо можеби ќе ги решите работите помеѓу вас, а оној на кој сте му се пожалиле може да продолжи да има лошо мислење и ќе ги запомни лошите зборови кои сте ги кажале.
Бидете внимателни и за проблемите во врската зборувајте само со партнерот, а кога сакате да критикувате, правете го тоа на смирен начин, а не во кавга.
Престанете да си ги измачувате мислите
Многу малку луѓе обрнуваат внимание на психолошкото здравје, иако според многумина тоа носи поголеми рани.
Според Гај, најголем непријател на психолошкото здравје е способноста да се тортурирате со сопствените мисли.
Токму затоа, тој советува, секојпат кога ќе почнете да се мачите со негативни мисли и лоши работи кои се случиле, да помислите веднаш на нешто позитивно.
По неколку минути ќе размислувате на убави работи, а со тек на време, ова ќе ви стане навика.
М. М. | Црнобело