Имам секс со бившиот. Сакам да ѝ се одмаздам на девојката што ми го украде.
Омраза. Страст. Љубов. Болка. Љубомора. Возбуда. Страв. Одмаздничкиот секс секогаш предизвикува вистинска бура од емоции. А, играта што започнува со цел да се повреди „другата“ личност, неретко остава последици на сите вклучени страни.
Млада жена ја сподели својата интимна исповед, откривајќи дека и понатаму практикува секс со поранешниот партнер. Тоа го прави како би ја повредила девојката со која таткото на нејзините деца живее во моментот.
„Бившиот и јас сѐ уште имаме односи. Сексот ни е фантастичен. Ми вели дека технички сме и понатаму пар. Јас имам 24, а тој 25 години. Родители сме на тримесечна ќерка и двегодишен син, кој го обожава татка си.
Бевме скоро три години заедно. Мислев дека ме сака. Сѐ беше супер помеѓу нас, додека не се појави таа. Му го помати умот. Има 22 години и работи во светот на модата. Ја мразам!
Тој почна да излегува без мене за викенди, дури јас бев трудна со нашата ќерка. Не бев баш среќна поради тоа, ама ме уверуваше дека нема причина да се грижам.
Сѐ ми стана јасно кога ја прочитав секси пораката што му ја имаше пратено. Тогаш сфатив дека ме изневерува со неа. Ме остави во шестиот месец од бременоста и замина да живее со љубовницата.
Ми делуваше како да е целосно под нејзина контрола. Таа знаела дека има дете и бебе на пат. Му ветила дека никогаш нема да го спречува да си ги гледа децата. Сега е друга приказната.
Честопати, наместо да помине да си го види синот, тој ми се јавува со некои бедни изговори. Доколку го замолам да дојде, ќе се испокараме. Вели дека се обидувам да манипулирам со него, што е тотална невистина. Секогаш бил добар татко. Не можам да поверувам дека му го прави ова на нашиот син.
Длабоко во себе, посакувам да ја уништам неговата девојка. Би сакала таа да дознае дека не е единствената со која има секс.
Кога ќе дојде да го види синот, обично го спрема за спиење, па имаме интимни односи како некогаш. Отсекогаш сме биле добри во кревет.
Ако ѝ кажам, таа сигурно ќе полуди. А, тоа сигурно и него ќе го погоди. Ама, до толку сум бесна на нив двајцата!
Мојот син е повреден.“
Ова се зборовите на жената, којашто побара стручна помош и совет од порталот The Sun. Наспроти нејзината желба за одмазда, се чини дека ваквиот однос не ѝ дава мир во душата.
Психотерапевтката и колумнистка, која им одговара на читателите под псевдонимот „Deidre“, пак, го прекори мажот, но и нејзе самата за настанатата ситуација.
„Не се сомневам дека таа девојка кренала прашина.
Не ја оправдувам, но не сум ни изненадена што му брани на партнерот да си го гледа синот, ако тоа често води до интимизирање на вас двајцата.
Речиси сигурно е дека предосеќа нешто.
Кажи му на бившиот дека е од витална важност да одржува здрава емотивна врска со својот син. И со бебето исто така.
Меѓутоа, мора да престанете со сексуалните односи, бидејќи само ги комплицирате нештата.
Речи му дека би сакала да се врати дома, ако тоа навистина е така. Тој не може да живее со друга жена, а со тебе да има секс. Не е чесно кон никого.
Можеби и би можела да се договориш со него да помине неколку часа во домот со синот, а ти да земеш малку време за себеси.”
М. А. | Црнобело