Ситници кои значат дека мажот го изгубил интересот за вас
Раскинувањето на врската е тешка животна промена, без оглед на тоа колку долго сте биле заедно.
За жал, намерно или ненамерно, жените ги затвораат очите пред многуте сигнали кои мажите им ги даваат. Па така, „оладениот маж“ лесно се препознава, само треба да сакате да си признаете.
Не се лажете дека следниве работи ги прави само затоа што му е „тежок период“. Очигледно е дека изгубил интерес за вас:
1. Одеднаш престанува да ви пишува и да ви се јавува како порано. Менувањето на навиките во комуникацијата кажува многу.
2. Постојано ви ги одбива понудите и плановите.
3. Избегнува да воспостави контакт со очите.
4. Одеднаш е зафатен, без точно да знаете што прави.
5. Постојано е лошо расположен.
6. Почнува кавги од најмала ситница.
7. Физички е присутен, но ментално е отсутен.
8. Заштитнички е настроен, но само кон себе.
9. Избувнува секогаш кога ќе посочите дека нешто не е во ред.
10. Инсистира на групни излегувања, наместо договори само со вас.
11. Физички сте оддалечени.
12. Го крие телефонот од вас.
13. Повеќе не искажува емоции и нежности.
М. Д. | Црнобело