Не се вљубувате така лесно? Можеби сте демиромантичар
Дали за себе велите дека сте алергични на романтика или можеби ова сте го слушнале од некои други луѓе, а изјавата се однесувала на вас?
Демиромантичар е личност која не доживува романтична привлечност лесно како што тоа се случува кај нормалните луѓе.
Демиромантичарите се луѓе кои искусуваат романтична привлечност кон некоја личност само откако ќе оформат значајна и длабока емоционална поврзаност со истата, но без интимност, односно најчесто преку пријателски однос.
Постојат неколку сигурни знаци кои упатуваат на фактот дека можеби сте демиромантичар:
Не веруваат во „љубов на прв поглед“
Кај демиромантичарите не постои привлечност од прво гледање. Постојат неколку типични работи на кои „паѓаме“ на некого при првата средба: убав физички изглед, карактер, социјални вештини.
Но, демиромантичарот не верува во љубов ниту по неколку гледања со личноста, камо ли на прв поглед.
Преферираат прво да бидат пријатели
Кај нив привлечноста кон некого се оформува како резултат на информациите кои ги добиваат во текот на долгогодишното пријателство. Најчесто завршуваат со луѓе кои ги знаат навистина долг временски период.
Тоа се личности со кои оформиле длабока и сериозна пријателска поврзаност.
Се поврзуваат преку заеднички искуства
Повеќе им значи искуство кое го споделиле заедно со некого, како патување, роденден, отколку материјалните работи или надворешниот физички изглед.
Не глумат дека се недостижни
Една од најчестите заблуди е како демиромантичарите само глумат дека се недостижни. Од страна изгледа како да ги мачат и тестираат потенцијалните партнери со години.
Но, факт е дека кај нив романтичната привлечност и љубовта се развиваат навистина бавно и потребно им е повеќе време отколку вообичаено.
Сексот им е потребен како и на сите останати луѓе
Демиромантичарите не живеат како калуѓери и секако дека имаат здраво либидо и сексуални аспирации. Сексот за една вечер не е исклучен од менито, меѓутоа за да создадат искрена и длабока романтична врска им е потребно навистина многу, многу повеќе.
Имаат навистина малку партнери зад себе
Бидејќи им е потребно навистина многу време да се опуштат и впуштат во љубовна врска, логично е дека имале многу малку момчиња или девојки во минатото.
Во просек имаат подолги врски од останатите
Бидејќи ја градат романсата бавно, полека и чекор по чекор, демиромантичарите имаат тенденција да „заглавуваат“ во многу долги врски. Воедно, љубовните врски кои се градат врз база на пријателство истовремено имаат повеќе шанси за опстојување и успех.
Не припаѓаат само на една сексуална ориентација или пол
Смешно е да се размислува дека демиромантичари може да бидат само мажите или жените, или пак само хомосексуалците или лезбијките. Синдромот подеднакво ги погодува сите луѓе согласно сексуалната ориентација.
Статусот сингл воопшто не им пречи
Дури и да трае подолг временски период. Дури и да немаат партнер со години. Демиромантичарите не се вознемируваат доколку немаат некој покрај себе, бидејќи љубовта по секоја цена за нив е илузија.
Среќни се и без љубовна врска
Демиромантичарите не се ладни, не е точно дека немаат чувства, ниту пак дека се асексуални личности. Тие само сакаат да се движат бавно и добро да ја запознаат личноста со која ќе оформат стабилна и силна емоционална поврзаност и доверба пред да се впуштат во љубовните води.
Доколку пријателството е доволно силна база да се продолжи понатаму – одат понатаму. Доколку не е, тука се става точка и никому ништо. Сосема среќни се и без љубовна врска во својот живот.
(О)Милена | Црнобело