9 карактеристики кои откриваат дека мажот ќе биде добар сопруг
Секој си има различни побарувања од брачниот партнер, меѓутоа 9 карактеристики се универзални кај секој маж кој жените го препознаваат како добар сопруг.
Иако мажите сметаат дека жените очекуваат букет цвеќе и комплимент од добриот сопруг, реалноста е поинаква.
Што треба да има мажот кој е „материјал за брак“?
1. Интелигенција
Интелигентните мажи ретко потпаѓаат под влијанија и полесно се пробиваат низ животот. А, жените сакаат стабилни мажи кои нема да се променат преку ноќ или при првата потешкотија.
2. Компатибилен физички изглед
И тоа не зборуваме за извајани стомачни и совршено обликувани раменици, туку за компатибилност во фигурата. Жените преферираат мажи кои се сразмерни со нив, ниту премногу слаби, ниту премногу дебели во споредба со нивниот облик на тело.
3. Природна смисла за хумор
Докажано е дека жените преферираат мажи кои имаат смисла за хумор и ако треба да бираат меѓу маж кој изгледа одлично и маж кој знае да ги насмее – ќе го одберат вториот. Но, жените разликуваат исфорсиран од природен хумор, затоа без напрегање.
4. Покажување искрени емоции
Многу жени ги избегнуваат мажите кои глумат „цврста карпа“, бидејќи сметаат дека немаат доволно емоции и емпатија. Па, ако мажот покаже барем најмала емоција, добива потенцијал за долготраен партнер.
5. Поддршка во среќните моменти
Вистина е дека секој сака поддршка кога минува низ тешки животни ситуации, но жените обрнуваат поголемо внимание на тоа како мажот реагира на нивната среќа и успех.
6. Ставот „жената треба да седи дома“ не смее да е во неговата глава
По прашање феминизам има многу различни ставови, мислења и дискусии, меѓутоа жените во последните неколку години многу внимаваат на тоа како нивниот партнер гледа на оваа тема.
Па, ако мажот има став дека „сопругата е за дома, во кујна и за чување деца“, шансите за разделба се зголемуваат.
7. Разумност при трошење пари
Да не се лажеме, стабилната финансиска состојба и паметниот распоред на парите се клучни за складно функционирање. Па така, мажот кој неразумно троши веднаш „излегува од игра“.
8. Добра проценка кога е време за „чекор понатаму“
Мажот кој е добар материјал за сопруг знае дека внимателно одбраниот тајминг е тајната за успех. Односно, мажот кој знае да процени кога е време за чекор понатаму жените го гледаат со воодушевување.
9. Среќно детство
Жените сметаат дека мажите кои имале среќно детство се поспособни да им ги пренесат убавите спомени на своите деца и да ги доживеат одново со нив.
М. Д. | Црнобело