Зошто мажите ги изневеруваат своите презгодни жени?
Бијонсе и Џеј Зи. Џенифер и Бред. Викторија и Дејвид. По секоја прељуба на ѕвездите, јавноста си поставува само едно прашање: „Како нему воопшто му падна на памет да ја изневери?“. Приказната е иста и за обичните смртници.
По албумот „Lemonade“ на Бијонсе, каде поп кралицата низ стихови индиректно го наговести неверството на сопругот, светот одново остана во чудо. „Зарем некој би ја изневерил Бијонсе?!“ – се прашуваа многумина.
Сепак, после долги нагодувања, Џеј Зи го објави албумот „4:44“, со што и самиот ја допре темата, а дури неодамна во интервју го потврди она од кое многумина се плашеа.
Секогаш кога во светот на богатите и славните ќе одекне скандал за развод или прељубничка афера, публиката го доживува премногу лично.
Покрај фактот што се рушат сите фантазии за совршен ѕвезден брак, тие будат и бес, но и сомнежи кај жените: „Ако нејзе мажот ја изневерува, тогаш какви ли шанси имаме ние, сосема обичните девојки?”.
Сепак, таквата мисла е погрешна. Прељубата нема никаква врска со тоа колку личноста е привлечна, секси или славна. Да - неверството не е ни малку поврзано со овие адути.
По мислење на експертите, луѓето најчесто изневеруваат поради недостатокот на блискост во врската. Мнозинството не се свесни колку негувањето на односите и создавањето нови чувства е важно за развој на љубовта.
Искушенијата се неизбежни, особено во животите на популарните личности, каде приликите за прељуба се множат со илјадапати. Меѓутоа, доколку партнерите се приврзани и заљубени, нема да имаат потреба да изневеруваат.
Истражувањата покажуваат дека кај само 7% од жените, односно 8% од мажите, причината за неверство е сексуалното незадоволство.
Повеќето всушност изневеруваат поради недостигот на емоционална поврзаност во врската, или, пак, комбинацијата од емоција и секс.
Впрочем, така и самиот Џеј Зи ја објасни неговата прељуба. Заради лошите искуства во детството, тој емотивно се затворил, па мошне тешко му било да се поврзе со својата партнерка.
Љубовта не е доволна. Заблуда е дека кај вљубените двојки коцките автоматски се сложуваат, па сѐ функционира како што треба самото по себе. За квалитетна врска е потребно и време, енергија и вложување во односот, како би опстојала љубовта.
А, ѕвездите пред себе имаат и дополнителни предизвици, бидејќи постојано се на патувања и одвоени од своите подобри половини.
Поука? Само со добра поврзаност може да се спречи неверството! Вложувањето време и енергија во сопствената врска е апсолутно најважната работа која може да ја направите за себеси и партнерот.
Заборавете на емотиконите – кажете му: „Те сакам!“
М. А. | Црнобело