„Маче многу си згодна, дали може да се запознаеме?“

Немав намера да го отворам досието „бивши”, но како животот да сакаше да ми се случуваат работи што не ги посакувам. 

mace-mnogu-si-zgodna-dali-moze-da-se-zapoznaeme-01.jpg

Застанав пред огледалото,во тесен сив фустан со гол грб од светкав материјал. Големи округли обетки, малку извиткана коса, префрлена на едната страна и црвен кармин. Се погледнав во моите сини очи и можев да се видам себеси, самоуверена и задоволна. Што ми требаше повеќе?

Бев сама веќе некое време и да бидам искрена не чувствував потреба од никој. Како да сакав да уживам во тоа да се биде сам без да морам да ја делам приватноста со некој друг. Ги облеков црните штикли кои беа во комбинација со мојата нова чанта и излегов од дома со насмевка. Сакав луѓето да добијат дел од таа промена, за која секојдневно ми зборуваа дека е огромна.

Во клубот седевме со другарките. Стандардна викендашка шема, кога ќе се дотераш за себеси, идиотот кој во клубот дошол по тренерки со надеж дека ќе наиде на некоја „лесна”, ќе дојде да ти кажува реченици од типот, „Маче многу си згодна, дали може да се запознаеме” или „Здраво, како вака убава девојка да седи сама”. Клише до клише, зарем толку им е тешко на мажите да смислат нешто креативно?

Се сеќавам дека во позадина одеа некои диско песни, ретро забава и во целиот тој ретро момент, додека насмеана пиев голтка по голтка од зелената цевка, од мојот викендашки елексир, водката, се појави тој. Поретро-амин!

Го немав видено со месеци, не ни сакав да го видам, ако веќе мора да споменам. Ми изгледаше некако, морам да признаам, остарен и оќелавен. Нема да речам огрден, бидејќи не ми доликува да трошам лоши зборови на него, за да му ја кревам цената, а јас да излезам некултурна. Седна на масата до мене. Јас не му обрнав внимание. Тој беше минато, на кое целосно имав заборавено. Јас сум од оние девојки кои што кога еднаш ќе стават крај, не прават нова серија со сличен наслов. Не ми доликува.

Ме гледаше цела вечер, не знам што му беше идејата. Не ми беше ни важно. Го облеков капутот и излегов на цигара. Сама. На мое очекување, се појави и тој, ме следеше. Не му прозборив, бидејќи после сите сцени кои ги направи, не заслужуваше, а тој упорно се приближуваше, сакајќи да ме полуди.

„Знам колку тешки работи ти се случија, знаеш, немој да тагуваш сè ќе дојде на свое место. Тука сум, прегрни ме. Знаеш дека можеш да се потпреш на мене. Се загрижив кога дознав, тие не се убави работи, затоа повторно ќе ти речам, можеш да ми веруваш”. Рече, мислејќи дека ранета од животот ќе ме фати во тесно.

„Се слушаш ли ти што зборуваш? Те молам кажи ми дали ти се слушаш што зборуваш? Времето кога јас ти верував помина. Нема што ти да ме мислиш мене. Фала му на Бога, да, се ќе си дојде на свое место и доаѓа без тебе, нема потреба ти да се потресуваш. Ајде сега заврти си го твоето лузерско кругче, затоа што оваа дама не ја носиш вечерва дома, бидејќи од своето искуство таа си ја научи лекцијата. Твојот обид е сладок, но, за жал, патетичен. Мене не ми треба никој, особено не ти. Твоите секс апетити гасни ги со нешто друго, јас веќе не сум на твоето мени”. Реков јас самоуверено, очекувајќи да замине.

На мое изненадување проба да ми ја зграпчи раката, да ме бакне на сила. Верувајте, ја фрлив цигарата и му залепив таква шлаканица, што мислам дека се почувствував како да се истури цел бес. Тој не пушташе, го удрив пак и веќе од лутина и паника почнав да викам, исплашена од неговото пијано височество.

„Замолчи, замолчи, смири се, што ти е! Зошто полудуваш”. Извика тој испаничено, оддалечувајќи се.

„Да ти појаснам злато, јас и ти завршивме. Твоите насилни испади и милозвучни зборови, дома на мајка ти. Мене не ! Сега те молам изгуби се и оставиме да уживам во вечерта како што и требаше пред да се појавиш, несреќо”. Исчекорив кон клубот, посилна од било кога.

Тој ме гледаше со подзината уста. Не го ни видов внатре. Најверојатно му се скрши круната, па си заминал со празни раце, или можеби со некоја неморална девојка, која ќе ги задоволи неговите потреби и ќе го трпи неговото мизерно однесување. Фала му на Бога што јас си ги отворив очите навреме.

Другарките ме прашаа каде бев, јас им кажав во рингот на борбата со алкохол, противник бившиот. Се изнасмеаа слатко велејќи, „За победник не прашуваме, се гледа по медалот”. Ништо не кажав, само се насмевнав и до крајот на вечерта уживав, како тоа да беше прв пат да сум уживала толку во диско.  

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg