Прашања кои ќе ви помогнат да разберете колку е силна вашата врска
Како гледате на меѓусебните успеси?
Ако е тешко да се прифати успехот на партнерот, очигледно е дека постои доза на ривалство, љубомора и желба за целосна контрола.
На кого би му било пријатно да биде со некој кој не се радува на достигнувањата на партнерот?
Што правите после кавга?
Кавгите никому не се пријатни, но се сосема нормални во секоја врска, секако во граници на нормала.
А, исто така, важно е и како се однесувате за време на кавгите, како и после тоа.
Доколку постојано размислувате на тоа како да го навредите партнерот или да останете тврдоглави до крај без да попуштите, нешто не е во ред.
Луѓето кои се сакаат и почитуваат се трудат да го елиминираат несогласувањето и да го разберат ставот и мислењето на партнерот.
Дали сте љубоморни за секоја ситница?
Проблемот станува поголем кога љубомората преминува во опсесија и го гледате партнерот или тој вас како сопственост.
Во врската не може да постои хармонија доколку не си верувате и постојано го контролирате партнерот.
Дали постојано им се жалите на пријателите за партнерот?
Сигурен знак за нездрава врска е ако со пријателите постојано зборувате негативно за партнерот, наместо да разговарате за проблемите со него.
Константното жалење никако не ја подобрува ситуацијата, плус какво мислење оставате пред пријателите?
Или решете го проблемот со партнерот или – која е потребата да бидете заедно?
Дали постојано партнерот се жали од вас и вели дека не сте доволно добри?
Доколку не можете да се прифатите со партнерот такви какви што сте и постојано се жалите дека некој не е доволно добар во нешто или пак се споредувате со други, зошто сте заедно и зошто не најдете некој каков што сакате?
За да бидете среќни, некои работи мора да ги толерирате и да направите компромис.
Прифатете ги недостатоците, научете го партнерот и помогнете му да биде подобар или – оставете го.
М. М. | Црнобело