Прашања кои ќе ви помогнат да разберете колку е силна вашата врска
Можеби можете да се преправате пред другите дека врската ви е совршена, но на крајот на денот, доколку не е, тоа нема да ве направи ниту малку среќни.
Токсичните врски ни ја трошат целата енергија и луѓето во неа искусуваат анксиозност, замор и непријатни чувства.
Па, доколку не сте сигурни и живеете во заблуда, како да дознаете дали треба да промените нешто и каква е вашата врска?
Одговорот на следниве прашања ќе ви овозможи да сфатите колку е силна врската која ја имате со партнерот:
Дали можете смирено да разговарате за плановите за иднината?
Ако не сте во можност заеднички да разговарате за плановите во иднина, без притоа да се создаде нервоза и кавга, веројатно вашата врска нема иднина.
Во здравите врски, партнерите можат смирено, без страв и предрасуди да разговараат за иднината со задоволство и возбуда.
Дали вашите ветувања еден кон друг секогаш имаат значење?
Во хармонична врска, партнерите си веруваат еден со друг. Па, каква доверба би постоела помеѓу вас, доколку не си ги исполнувате ниту ветувањата кој си ги давате?
Важно е да си ги почитувате взаемните чувства и желби, а не да давате празни ветувања.
Дали некој има целосна контрола во врската?
Во врските каде партнерите се среќни, тие немаат целосна контрола еден врз друг и не си наметнуваат мислења и ставови, ниту пак нешто си забрануваат.
Секој од нив има слобода врз својот живот, а другиот може само да ги мотивира и советува.
Дали вашите рутини и интереси се усогласуваат?
Тешко дека ќе можете да постигнете хармонија и баланс доколку вашите секојдневни рутини и интереси се разликуваат или едниот никако не може да се прилагоди на навиките на другиот.
Луѓето кои се почитуваат еден со друг ќе најдат начин и баланс, така што двајцата ќе се чувствуваат удобно и задоволено во врската.
Дали вашиот живот личи на шпанска серија?
Дали вашиот живот и секојдневие се смирени и нормални или секој ден се соочувате со нова драма?
Ако секојдневието ви е исполнето со непотребни сцени, плачки, демонстрирање лутина и игнорирање, тогаш веројатно има некој проблем.
Луѓето кои се сакаат и почитуваат не се служат со такви манипулативни трикови и секогаш постои фидбек.