10 негативни љубовни закони кои мора да ги прифатите за да имате среќна врска
Секоја врска со текот на времето се менува. Ниту еден однос не останува ист како на почетокот.
Колку подолго време сте заедно, толку повеќе промени ќе проживеете. Некои од нив може да ве загрижат или вознемират, но ако подобро размислите, и тие се еден облик на зацврстување на конекцијата.
10 негативни љубовни закони кои е нормално да се случат:
1. Довербата е кршлива работа
Секоја врска се гради на темели на доверба и како што има моменти кога ви се чини дека тие се апсолутно цврсти, ќе има и моменти кога ќе ви се чини дека во секој момент ќе се срушат. Довербата може да се загуби во секунда. Важно е да не дојдете до таа секунда.
2. Понекогаш ќе бидете заедно, а ќе ви биде здодевно
И сосема нормално е да сакате да правите забавни активности кои не го вклучуваат партнерот, на пример читање на книга, гледање филм по ваш вкус сами или излегување со пријателите.
3. Нема секогаш да бидете на иста страна
Порано или подоцна, ќе сфатите дека „навивате“ за спротивни работи. Важно е да не се лутите и навредувате кога се работи за овие спротивни страни.
4. Бракот и децата не се одлука, туку тест
Иако сите веруваат дека врската се зајакнува кога стапувате во брак, реалноста е дека децата и сите обврски кои си доаѓаат со заедничкото живеење се само уште еден тест на вашата издржливост како пар.
5. Нема секогаш да чувствувате сексуална привлечност
Дивата сексуална хемија и привлечност нема да трае засекогаш. Ќе минувате низ мирни периоди во кои повеќе ќе сакате да разговарате или да молчите, отколку било што друго. Важно е да не форсирате ништо.
6. Животот во пар не го брише чувството на самотија и осаменост
Ќе има моменти кога ќе се чувствувате сами, осамени и неразбрани. Ова е ментална состојба на умот која не се менува според вашиот љубовен статус, туку според вашата психолошка издржливост.
7. Ќе имате моменти кога ќе се сомневате во љубовта
„Можеби разводот е добра опција?“ или „Што ако ни е подобро еден без друг?“ се сосема нормални мисли, без паника. Но, треба да имате на ум дека тоа се хипотетички прашања чиј одговор е идентичен со одговорот на прашањето „Како би живеел/а доколку се родев во Франција, а не тука?“
8. Понекогаш ќе ги загубите близината и поврзаноста
Ова е нормално, но истовремено и многу банално. Близината е релативна, менлива работа. Прифатете го тоа и гледајте подолгорочно. Не навлегувајте во проблеми од типот „зошто не стави смајли на крајот од пораката.“
9. Може да се случи да се повредите меѓусебно
Нема ништо поболно од тоа да ве повреди саканата личност. Но, мора да бидете подготвени и на тоа. Кога некој ви е доволно близок и ви ги знае болните точки, еднаш, намерно или ненамерно, сигурно ќе ги погоди. И ќе боли. Но, важно е да не држите лутина и да не се одмаздувате, туку да разговарате.
10. Љубовта нема да преживее сама од себе
Ниту пак ќе преживее со секојдневното повторување на фразата „те сакам.“ На врската која сакате да опстои ќе мора да работите до крајот на животот и тоа е единствената реалност која треба да ја прифатите.
М. Д. | Црнобело