5 знаци по кои ќе препознаете девојка со Пепелашка комплекс
Доколку сте жена што израснала верувајќи во бајки, ова е само еден од проблемите со кои ќе се борите во животот. Секако, неретко и ќе страдате заради тоа.
Бајките ни го разубавуваа(т) детството. Но, ако пресериозно ги сфатите, тогаш може и да ви нанесат голема штета во возрасното доба.
Меѓу нив е и т.н. Пепелашка комплекс. Кои се симптомите кај жената што страда од него?
Петте знаци по кои се препознава девојката што го има се следните:
1. Очекува дека мажот ќе ја спаси.
Наместо да се обиде за својата среќа да се избори сама, таа чека да се појави принцот на белиот коњ, па да ѝ ги реши сите нејзини проблеми. А, за волја на вистината, само ќе влезе во врска, без ниту еден решен проблем.
2. Мисли дека не е доволно добра ако е сама.
Можеби жената е убава и паметна, а згора на сѐ и прилично успешна, но и понатаму се чувствува непотполно, само бидејќи не е во врска. Во таков случај, дефинитивно пати од споменатиот комплекс.
3. Се плаши од независност.
Едноставно, таа не може да се замисли себеси без дечко. Затоа и скока од врска во врска, избегнувајќи ги долгите периоди на самотија. Всушност, подраго ѝ е да биде во врска која не функционира, одошто без никого покрај неа.
4. Не знае да се однесува кога некој ќе ја пофали.
Комплиментите и пофалбите на нејзина сметка, таа срамежливо ги одбива. Од друга страна, пак, умее да ја преземе одговорноста, дури и за грешки за кои не виновна, или, пак, дела кои можеби не ги ни сторила.
5. Не знае што би правела без него.
Честопати ја прогонува мислата како животот без партнерот би ѝ бил грозен и без никаква смисла. Навидум звучи романтично, ама ни малку не е. Ако таа везден размислува дека не би преживеала без неговата љубов, тоа значи само едно. Жената има ниска самодоверба и верува дека така навистина и ќе биде.
Колку модерни Пепелашки пронајдовте во описот?
М. А. | Црнобело