Не му глумете мајка: 6 улоги што не треба да ги играте со вашиот партнер

Престанете да го карате за лошите потези во животот, како мајка, или постојано да барате помош од него, како мало девојче!

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-01.jpg

Жените често несвесно играат различни улоги пред нивниот партнер. Некогаш се нежно девојче, друг пат строга мајка.

Но, некои од овие улоги може да ја уништат вашата врска:

Несигурна

Научете достоинствено да ги прифаќате комплиментите.

Кога партнерот ќе ве пофали само заблагодарете му се, наместо да велите дека не сте доволно добра, не сте доволно убава, не сте доволно слаба итн.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-02.jpg

Мајка

Престанете да ги користите фразите што ги користи неговата мајка. Тоа ќе го иритира вашиот психолошки созреан партнер.

Кога треба да јаде, а кога треба да се потстриже, сигурно знае и сам.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-03.jpg

Мало девојче

Не очекувајте ако се лигавите и го правите тонот на гласот нежен како на мало девојче, тој ќе дојде да ве спаси.

Не сте му ќерка, па не се однесувајте како мало беспомошно суштество.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-04.jpg

Спасител

Доволно беше со вашите спасувачки мисии. Ако партнерот е пијаница или неработник, оставете сам да ја пронајде својата инспирација за промена, а ако не успее тогаш заминете си од оваа врска.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-05.jpg

Жртва

Постојано се жртвувате себеси за врската и правите работи кои му се допаѓаат на партнерот само за тој да биде среќен.

Улогата на жртва е штетна за вас и непривлечна за другите.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-06.jpg

„Крпа за чевли“

Вашиот партнер постојано се обидува да си ја подобри самодовербата така што ве навредува и понижува вас.

Немате никакво достоинство и постојано се чувствувате ужасно. Дефинитивно не заслужувате ваков третман, заминете си од оваа врска.

ne-glumete-mu-majka-6-ulogi-shto-ne-treba-da-gi-igrate-so-vashiot-partner-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg