Мажите откриваат кои работи прават да се заинтересираат за одредена жена

Веќе ни е добро познато дека после одредена вредност, физичкиот изглед игра улога, но има и други работи кои ја прават жената привлечна за мажот.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-01.jpg

За тој да се заинтересира за некоја одредена жена, таа треба да поседува одредени карактеристики со што ќе го привлече неговото внимание.

Па, доколку ве интересира кои се тие работи, проверете дали ги поседувате, а ако не, потрудете се да го промените тоа.

Мажите откриваат кои работи во комбинација, прават да се заинтересираат за одредена жена:

Насмевка

Жените кои се позитивни и се смеат се многу попривлечни и пријатни од мистериозните и сериозни.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-02.jpg

Покажување на интерес

Мажите сакаат кога жената покажува интерес за она што тој го сака, а не зборува само за себе или прави само тоа што таа сака.

И сосема е нормално да сакаат да разговараат и да бидат со некого со кој се разбираат и имаат заеднички интереси.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-03.jpg

Барање помош

Мажите сакаат да се чувствуваат корисно. Па затоа, не сакаат кога жените глумат мажи и прават сè сами. Понекогаш е подобро да побарате помош од мажот за да се почувствува навистина како посилниот пол.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-04.jpg

Непроменливо однесување

Мажите сакаат кога жената се држи до одредена линија на однесување и не скршнува често д на. Не сакаат кога жената одеднаш ќе стане мистериозна, ќе го промени расположението и однесувањето без да каже причина.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-06.jpg

Избегнување на пријателска зона

Сакајќи да го привлече вниманието на мажот, жената често знае да почне да се однесува како негов пријател – слуша приказни за други девојки или дава совети на слични теми.

Ова пријателско однесување дава спротивен правец на играта, бидејќи не постои никаква хемија и причина тој да се обидува да ве освои.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-07.jpg

Директна комуникација

Мажите исто така не сакаат кога жените заобиколуваат и не кажуваат директно што сакаат, сметајќи дека тој треба да им ги прочита мислите.

Тие почитуваат жени кои знаат јасно и гласно да ги кажат своите потреби, да прашаат кога нешто им треба и отворено разговараат за сè. Понатаму, сè останато е полесно.

mazhite-otkrivaat-koi-raboti-pravat-da-se-zainteresiraat-za-odredena-zhena-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg