Соочување со проблемот и исполнување на фантазии: 8 начини да ја вратите страста во врската

Нешто што треба на сите да им е јасно е дека понекогаш во врските се случува страста полека да згасне.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-01.jpg

Тука настануваат проблеми и кавги и станувате загрижени за ситуацијата, но тоа е сосема нормално, секако во граници на нормала.

Без разлика како се чувствувате во врска со партнерот, понекогаш рутината ве обзема, па токму затоа, за да се одржи страста во љубовниот однос е потребен труд и посветеност.

Ако чувствувате дека нешто не е во ред и работите не се исти како порано, не треба да оставите да остане така. Постојат многу мали работи со кои може да промените многу.

Едноставни начини кои ќе ви помогнат да ја вратите страста во љубовниот живот:

1.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-02.jpeg

Ако не можете да се сетите на последниот пат кога сте имале секс или кога сте уживале во него, постои проблем кој мора да го сфатите сериозно.

Она што најчесто му смета на партнерот е тоа што другиот не ја сфаќа ситуацијата како проблем, но првиот чекор кон подобрување е способноста да го сфатите тоа.

2.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-03.jpeg

Постои причина зошто врските кои немаат добра комуникација не завршуваат успешно. Зборувајте со партнерот отворено за проблемот и кажете што ве мачи.

Покажете дека сте вистински загрижени и дека треба да го сфатите тоа сериозно.

Другата половина треба внимателно да ве сослуша и да пристапите кон решавање.

3.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-04.jpeg

Малите гестови се многу почесто подобри од големите. Пишувајте му на партнерот по некоја порака кога најмалку очекува или подарете букет, направете вечера и сл.

4.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-05.jpeg

Не е доволно да кажете „те сакам“. Покажете. Ова веќе е јасно. Организирајте романтични состаноци, зачинете ја врската со нови работи и уживајте во љубовните моменти.

Важно е да се одржува романтиката, за страста никогаш да не згасне целосно.

5.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata06.jpeg

За да ја „обновите“ страста или за никогаш да не згасне, одвреме навреме  е добро да експериментирате во сексот.

Пробајте нешто ново, авантуристичко и возбудливо – бидете поразлични од она што сте секојдневно и направете нешто со што ќе го привлечете партнерот.

6.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-07.jpeg

Во моментот кога ќе стигнете до таа фаза во врската каде го имате овој проблем, потребно е повеќе да се потрудите и да вложите напор за да внесете возбуда во љубовниот живот и да ги освежите работите.

Споделете ги вашите најдлабоки фантазии со партнерот и остварете ги еден за друг.

Зачинете го сексуалниот живот со сите фантазии кои сте ги имале, а сте ги чувале во себе. Време е да се отсрамите.

7.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-08.jpeg

Понекогаш сексот зависи од многу фактори, а стресот и напорниот ден секако дека влијаат негативно на тоа.

Но, со малку упорност и труд тоа може да се промени, па не заборавајте на предиграта додека да го промените расположението.

Запомнете дека понекогаш не може тоа да се случи туку така.

8.

soochuvanje-so-problemot-i-ispolnuvanje-na-fantazii-8-nachini-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-09.jpeg

Рутината не е изговор, ниту пак работата и домашните обврски. Само заради тоа што имате работа, не значи дека треба да го запоставите сексуалниот живот.

Но, доколку гледате дека токму тоа се случува, променете се и направете простор и време кое ќе го искористите за меѓусебно страсно задоволство.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg