Фрази за изгледот кои никогаш не треба да им ги кажувате на жените

Жените се многу чувствителни како човечки суштества генерално, но кога станува збор за нивниот изглед, тоа се одразува во уште поголеми размери.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite-01.jpg

Па затоа, мора да бидете внимателни што и како им кажувате на жените за нивниот изглед, бидејќи може само да си создадете компликации, дури и ако е сѐ добронамерно.

Тешко е да ги разберете, но доволно е да не употребувате неколку фрази кои може да ги навредат.

Запомнете ги следниве:

„Зошто не почнеш да вежбаш?“

Дури и ако забележите дека девојката има малку вишок килограми, немојте веднаш да ѝ испраќате знак дека мора да почне да слабее.

Оваа фраза жените ја сфаќаат навредливо и со тоа ја напаѓате нивната самодоверба.

Подобро прашајте дали сака да ви се придружи бидејќи вие сте одлучиле да вежбате.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite02.jpg

„Не знам дали ти е точно, земи поголемо“

Можеби не сте сакале со ова да ја навредите и сте ја советувале најдобронамерно да земе облека со поголем број, за нејзино добро.

Но, ова жените го сфаќаат исто така како навреда, па за жал, ќе мора да смислувате некој поблаг начин да го кажете тоа во завиена форма.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite-03.jpg

„Што си се нашминкала толку?“

Дури и ако вообичаено не се шминка и одеднаш решила да направи некоја промена на себе, не мора да поставувате глупави прашања.

Посакала да го подобри изгледот, па пофалете ја.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite-04.jpg

„Изгледаш многу изморено“

Ако гледате дека нешто не е во ред и дека таа има премногу обврски, работи до доцна и сосема нормално е изморена, не мора да додавате масло на огнот и да ја влошувате ситуацијата.

Наместо да ѝ кажете дека изгледа уморно (во превод лошо), опуштете ја, измасирајте ја, направете ручек за неа, купете нешто што ја радува и сл.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite05.jpg

„Твојата другарка изгледа супер, не сакаш фризура како нејзината?“

Да, можеби нејзината другарка изгледа совршено, но никогаш не смеете да ги споредувате и да кажувате дека изгледа подобро од неа.

Секој предлог за промена на изгледот само за да изгледа како некоја друга е навреда.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite-06.jpg

„Исто како мојата бивша“

Споредување со поранешната девојка, на било која тема? Подобро бегајте подалеку.

frazi-za-izgledot-koi-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-zhenite-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg