3 причини зошто кавгите во врската понекогаш се добри
Сите знаеме дека константните кавги во врската се лош знак и не ни носат ништо добро.
Но, малите, здрави и конструктивни расправии може да бидат одлични за односот со партнерот, од 3 причини:
1. Се ослободувате од негативните емоции
Нема ништо полошо од чувањето на емоциите и постапките кои ви пречат. Некој некогаш рекол „Ако избегнувате конфликти за да го зачувате мирот, во самите вас започнува војна.“
Задолжително објаснете зошто некоја навика или постапка ви пречи и ве нервира. Нема ништо полошо да се нервирате во тајност.
2. Подобро ќе го разберете партнерот
Конструктивната кавга не подразбира погрдни имиња, напаѓање и критикување. Во добрата кавга, двајцата партнери ги изнесуваат своите ставови, мислења и емоции.
Благодарение на тоа, доколку внимателно слушате, многу подобро ќе ги разберете мотивите на партнерот и зошто тој/таа мисли поинаку од вас.
3. Ќе извежбате што значи компромис
Во добрите кавги не треба да правите планови како вие да бидете во право, а другата страна да остане виновна. Крајниот резултат треба да биде решение од кое и двете страни ќе бидат задоволни.
Клучно е кавгата да биде фер, и кога еднаш ќе извежбате што значи компромис, потоа сè ќе биде полесно. Повеќе нема да излегувате од кавгите со негативни емоции.
М. Д. | Црнобело