9 начини на кои жените најчесто ги манипулираат мажите
Манипулацијата е уметност која жените многу добро знаат да ја користат.
Мажите пак, наседнуваат на речиси сите манипулации, иако знаат да глумат мачо типови.
Како најчесто жените ве манипулираат?
- Со големи количини на комплименти и зголемување на егото.
- Старото добро правило - кога не е како што си замислила, плачи.
- Споредување со други момци. Зависно од тоа дали сакаат да ги испровоцираат или пофалат, ги споредуваат со полоши или подобри.
- Избегнување – техника која го држи мажот постојано на штрек.
- Дозволување тој да го има последниот збор за теми кои не ѝ се важни – за потоа во важните разговори, таа да пресече, и ќе се повика на последниот пар кога дозволила мажот да одлучи.
- Третман со молчење и игнорирање.
- „Знаеш што е смешно?“ и следува лавина од бес.
- Драма! Драма! Драма! И кавги од неважни ситници.
- Иритирање преку социјалните мрежи - баш кога се во лоши односи, објавуваат фотки на кои се среќни и на „мистериозни“ локации.
М. Д. | Црнобело