„Ако не ти одговарам најди си друг“: Фрази кои се знак дека тој престанал да ве сака
Психолозите се уверени дека постојат одредени шеми во однесувањето кои укажуваат на проблеми во љубовната врска.
Научниците идентификувале одредени индивидуални фрази и начин на изразување кои се знак дека партнерот престанал да ве сака.
Па, доколку се двоумите во нешто такво, проверете дали сте во право.
Во колку повеќе ситуации се пронајдете и колку повеќе фрази од наведениве употребува вашиот партнер, толку е поголем ризикот и полоша ситуцијата.
„Не морам да ти се правдам и да ти кажувам сѐ“
Секако дека не треба да го испрашувате партнерот како на испитување и не е правилно да ви дава детален извештај за секој негов чекор. Но, нормално е да ви каже каде бил во текот на денот, како си поминал или пак, да сподели некој проблем.
А, ако тоа му е тешко и го гледа како обврска, мислејќи дека вие со сила го терате на тоа, веројатно не се грижи повеќе за вас и вашето мислење.
Кога човек сака некого, со задоволство сам ќе зборува за себе, за денот, за ситуации и проблеми со кои се соочува.
„Тоа не е мој/твој проблем“
И сите слични фрази на оваа се показател дека партнерот не се грижи за вашите проблеми и работите со кои вие се соочувате, ниту пак сака вие да се мешате во неговите.
Тој нема никаква желба да ви помогне или да му помогнете и ги дели работите на мое/твое. Човек кој ве сака ќе најде време и начин да ви помогне, дури и ако тоа не е негов личен проблем.
„Ако не ти одговарам најди си друг“
Со оваа фраза, партнерот се обидува да ве изманипулира. Тој нема никаква намера да се промени и приспособи на вашите потреби, па затоа е подготвен и да го оставите ако не ви чини нешто.
Човек кој ве сака, ќе се обиде да направи компромис, а нема да избрзува со зборовите и изјавите слични на оваа.
„Воопшто не ти верувам“
Оваа фраза често ја кажуваат несигурните луѓе и тие постојано си наоѓаат изговор во вакви ситуации да ја префрлат вината на вас и да започнат кавга и ќе бараат оправдувања и за најбалани работи.
Човекот кој ве сака ќе ислуша што имате да кажете без разлика како изгледа ситуацијата и нема да носи одлуки кои не се издржани.
„Прави како што сакаш“
Оваа фраза зборува за незаинтересираноста на партнерот за вас. Не му е грижа за ништо и не сака да ви помогне во било какви ситуации.
Човек кој ве сака ќе учествува во вашите одлуки и ќе ви помага при изборот, без разлика за што се работи. Нема да ве остави на цедило или пак да се двоумите и да не знаете што да правите.
„Навистина те сакам“
За некого можеби ова ќе звучи чудно и ќе се запраша што има лошо во тоа партнерот да каже дека ве сака. Но, има разлика како го кажува. Ако навистина се обидува да ве увери во тоа во обична ситуација, значи дека можеби тој нешто згрешил, па се обидува да ви се докаже, односно да ги изманипулира вашите чувства за да не може да забележите што тој тајно прави.
Тоа е еден начин да ги прикрие своите дела и ако долго време се повторува, значи не е вистина.
М. М. | Црнобело