Ќе ги разнежнат и најголемите фраери: 6 ситуации кои го топат машкото срце
И мажите се од крв и месо, зар не? Имаат чувства и емоции, колку и понекогаш да глумат дека се ладни како лед. Тие не се имуни на сентименталност, особено кога е вистинската љубов во прашање. А, кои се моментите што ниту еден маж нема да го остават рамнодушен?
Шесте ситуации кои го топат машкото срце, па ќе ги разнежнат дури и најголемите фраери, прочитајте ги во продолжение:
1. Кога ќе се разбуди наутро и првото што го гледа е нејзиното лице.
Можеби некои мажи се преголеми фраери за тоа некогаш и да го признаат, но една од омилените работи дефинитивно им е будењето со саканата личност. Кога ќе се разбуди среде ноќ или наутро, гледајќи ја неа покрај себе, нему веднаш му е топло околу срцето.
2. Кога таа се однесува исто како и кога се вљубил во неа.
Сеедно дали ќе го потсети со некоја нејзина лудорија, симпатична порака, или, пак, можеби изјава што само тој ќе ја разбере. Или кога секогаш одново ќе се присети на почетоците од врската и она со што таа тогаш го освоила. А, најмногу од сѐ – кога ќе си припомни колку му е драго што ја има во својот живот.
3. Кога ќе види колку таа добро се согласува со неговото семејство и пријателите.
Последното што тој го сака е да биде во врска со девојка која постојано ќе им контрира на неговите најблиски. И да ги гледа под око.
4. Кога таа ќе му го зготви омиленото јадење без некој посебен повод.
Велат, патот до срцето на мажот е преку стомакот. Се сложувале или не, после напорниот ден на работа, веројатно ниту еден маж нема да остане ладнокрвен, доколку дома го затекне она кое тој обожува да го јаде, а што таа го приготвила специјално за него.
5. Кога таа со ситни работи му покажува дека секогаш мисли на него.
Зарем љубовта се искажува само во специјални пригоди? Секако дека не. Нему многу повеќе му значат ситниците, бидејќи му покажуваат дека таа мисли на него и кога тој не е покрај неа.
6. Кога таа се грижи за него додека е болен.
Има температура, сѐ го боли и непрестано се жали дека нема сила, ниту волја за ништо. Ама, доволно му е добро за да забележи дека таа го средила целиот дом, ги собрала неговите марамчиња и му сварила чај. Ако не е толку болен, сигурно уште веднаш и би ја бакнал.
М. А. | Црнобело