На кои два дена луѓето најмногу изневеруваат?
Во денешно време постојат истражувања за речиси се, па така се појави и податокот за тоа кога луѓето се најсклони на изневерување.
Една американска страница на која луѓето бараат сексуални авантури ја следела активноста на корисниците и забележано е дека зголемена активност има посебно на два дена во годината.
Првиот датум е 21-ви јули, кога дури 65% од корисниците барале авантура на страна, додека вториот е 30-ти ноември, со активност од 45%.
Образложението кое страницата го понуди беше следново: „Двата датуми се поврзани со некакво исчекување. Во летниот период луѓето чекаат годишен одмор, а во зимскиот ја чекаат пред-новогодишната треска.“
И двата датуми се периоди кога се подготвуваме за поактивно дружење со пријателите, па веројатно „за да имаат што да раскажат“, голем број од луѓето се одлучуваат за секс-авантура.
М. Д. | Црнобело