Фази низ кои минува мажот што почнува да ги губи чувствата во врската
Дури и во најдобрите врски помеѓу паровите кои имаат најмногу разбирање, постојат кризни периоди.
Во некои од нив, тие лесно се надминуваат и проблемите се решаваат, а во други врската сѐ повеќе почнува да тоне и чувствата да избледуваат.
Динамиката во врската почнува да се менува и додека да трепнете, тој станува друг човек и почнувате да се сомневате.
Па, како да знаете дали е нешто минливо или чувствата на вашиот партнер полека почнуваат да избледуваат?
Постојат фази низ кои мажите поминуваат кога почнуваат да ги губат чувствата за некого.
Еве некои работи на кои треба да обрнете внимание што покажуваат дека нешто во врската не е во ред:
Клучен елемент за успех на врската е квалитетното време поминато заедно, па ако вашиот партнер почне да „бега“ од гледањето со вас, тоа со сигурност е лош знак. Ако тој ве оттурнува и избегнува да поминувате време заедно, време е за сериозен разговор.
Кога искрено сакате некого, не мора да чекате тој да ви се јави и го барате кога ви е потребен. Но, ако на почетокот тој постојано бил достапен и ви враќал на пораките, а сега тоа не е случај и почне да губи интерес за разговор со вас, тогаш треба да побарате релевантно објаснување за проблемот.
Дали тој отсекогаш бил малку „изгубен“ и „заборавен“ или во последно време почнува да ги заборава вашите договори и постојано доцни на заедничките средби?
Ако тој секогаш бил одговорен и ги памтел договорите во минатото, тогаш, со сигурност сега постои проблем. Бидејќи, ако некој се грижи за својот партнер, нема да го извиси, без разлика за какви планови станува збор.
На почетокот на врската, тој не можел да се воздржи да не прави работи со кои ќе ве усреќи и што ќе ви значат, без разлика дали се големи или мали ситници. Па, ако сега тоа се променило и ви дава минимално внимание без да се фокусира на врската и вашите потреби, тој веројатно се обидува да се оддалечи од вас.
На секој му е потребно време за себе и не сака да биде „загушен“, но доколку тој почне постојано да се жали дека не добива личен простор иако му го давате неопходното, тогаш постои некоја друга причина зошто тој го бара тоа.
Кога луѓето ќе престанат да се грижат за некого и ќе ги изгубат чувствата, почнуваат да смислуваат изговори. Тие почнуваат кавги од секој ваш збор наведувајќи како причина неподдржани работи.
А, кога вие ќе се пожалите, тие ќе најдат изговор за сѐ – зошто не ви вратиле на порака, зошто не се гледате често и за уште многу други работи.
Покрај сите горенаведени работи, со тек на времe можеби ќе забележите дека тој се допишува и гледа со нови личности за кои никогаш не сте слушнале, меѓу кои ќе бидат и многуте „пријателки“, па ќе мора да бидете малку повнимателни со нив.
Дали некогаш сте биле со некого, но не сте успеале да направите нормален разговор? Ако вака ви изгледа врската и тој не иницира разговор со вас, или пак не ве слуша внимателно, не е заинтересиран и си седи на телефон постојано, работите тргнале на лошо.
М. М. | Црнобело