10 успешни техники за флерт, потврдени од психолозите
Секој кој барем еднаш го направил првиот чекор, сфатил колку тежок и комплициран знае да биде.
Кога сме со личноста која ни се допаѓа, како за инает на универзумот, ги губиме спонтаноста и природниот шарм со кои зрачиме.
Не е лесно да се впуштите во флерт кој не знаете како ќе заврши, но вреди да се обидете.
Со помош на овие 10 докажани и потврдени техники, флертувањето и освојувањето ќе оди полесно:
1. Визуелен контакт со очи
Првиот чекор е да воспоставите контакт од 4-5 секунди, очи во очи. Па, ако сакате да изгледате заинтересирано, гледајте ја личноста која ви се допаѓа право во очи.
2. Црвена боја
Црвената боја го привлекува вниманието бидејќи ни ги поттикнува природните инстинкти за репродукција. Жените кои се облечени во црвено делуваат поромантично, а мажите облечени во црвено – посамоуверено и атрактивно.
3. Хумор
Способноста да се шегувате „ве издава“ колку сте креативни, па затоа е еден од клучните начини за освојување на личноста која ви се допаѓа.
4. Недостапност
Човечката контроверзност е докажана и од психолозите. Колку повеќе сме несигурни во нечии чувства, толку повеќе се трудиме и ја засакуваме личноста, велат истражувањата. Па, играњето на недостижност и доза недостапност може само да го направи флертот поуспешен.
5. Насмевка
Покрај тоа што е знак за добро расположение, насмевката е знак и за добро здравје, велат психолозите. Кај мажите, женската насмевка ги асоцира на топлината од мајчината насмевка, па затоа насмеаните жени се секогаш попривлечни во машките очи.
6. Горделив став
Стереотипите за „лоши момци и девојки“ се покажуваат како точни. Годеливиот став со мала доза на ароганција многу брзо им додава доза на шарм на луѓето, без оглед на тоа дали сакаме да признаеме или не.
7. Огледало-стратегија
55% од комуникацијата и флертот се поуспешни кога го применувате огледало-ефектот. Се работи за еден начин на копирање на гестовите, движењата и зборовите на личноста која ви се допаѓа, додека комуницирате. Тоа е најдиректен знак дека некој ви се допаѓа.
8. Тоналитет и зборови
Жените и мажите го менуваат гласот кога сакаат да се допаднат некому. Жените на пример, имаат малку попискав и повисок тон од вообичаено, додека мажите се трудат да звучат поромантично и подлабоко, односно да не зборуваат монотоно.
Исто така, зборовите како „добро“, „да“ и „разбирам“ се користат почесто при флерт.
9. Основи на флертот
Не сме идеални, но основата на идеалниот и успешен флерт се состои од 3 компоненти: самодоверба, насмевка и слободен шарм.
10. Допир
Последно и најважно – допрете ја личноста која ви се допаѓа. Доволен е суптилен допир од 1-2 секунди за да ја заинтересирате личноста.
М. Д. | Црнобело