Ве очекува ли претпразнично раскинување? 11 знаци дека сте на раб на разделба
Празниците вообичаено се период кога се случуваат најмногу раскинувања. Многумина сметаат дека е подобро да ги завршат неквалитетните љубовни врски пред празниците, со цел да се ослободат и да свртат нова страница во новата година.
Дали сте и вие еден или една од нив? Дали се подготвувате за раскинување или можеби некој се подготвува да ви ја соопшти горчливата вистина во лице?
Ова се 11 вообичаени знаци дека врската се лади, а на повидок е неизбежната разделба:
Партнерот вели: Ќе бидеш многу среќен/среќна… со некој друг/а.
Ова е еден од најчестите начини преку кој на партнерот полека му се навестува почетокот на крајот.
Партнерот започнува: Да ви дава пречести, невообичаени комплименти.
Најчесто звучат вака: „Толку си прекрасна и добра, заслужуваш да имаш само среќа“. Или „ја заслужуваш најдобрата врска на светот“.
Партнерот забележува: Сè што правите погрешно.
Одеднаш почнува да наоѓа мани на вашите јадења, начинот на кој го правите кафето или зошто упорно го оставате капакот во тоалетот нагоре, иако претходно тоа не претставувало никаков проблем.
Секоја можна причина се користи како изговор за несогласување и кавга.
Партнерот е во мрачно расположение: Ништо не може да го развесели
Особено не вие. Колку и да се обидувате не можете да му изнудите насмевка на лицето, а од друга страна, кога се слуша со пријателите на телефон, не престанува да се смее и да зборува со нив.
Партнерот одбива: Да поминува време со вашето семејство
Додека порано му претставувало вистинско задоволство да ги поминува празниците со вас и вашето семејство или уживал во фамилијарните ручеци, сега негодува и постојано наоѓа изговори да ги избегне овие средби.
Партнерот се однесува чудно: На социјалните мрежи
Забележувате дека „лајкнува“ непознати девојки, му коментираат исто така луѓе кои не ги познавате, останува до доцна навечер буден пред компјутерот или е особено заштитнички настроен кон својот телефон. Со еден збор, се однесува прилично чудно и таинствено, како да крие нешто.
Партнерот почнува да дава укори: На самиот себе
Покрај тоа што и вам ви наоѓа мани за секоја мала ситница, тој непрестајно се обвинува и самиот себеси. Колку е неспособен, колку е невнимателен и лош дечко… со овие зборови полека ви дава до знаење дека заслужувате подобар од него, но не може точно да изнајде начин како да ви раскине прв, па чека на вас.
Партнерот престанува: Да се труди
Таа/тој повеќе не е заинтересиран/а да ви биде пријатно и убаво на двајцата. Кога разговарате како да гледа воздух низ вас. Сеедно е дали ќе се видите после работа или не.
Полека се забораваат годишнини и родендени, како и малите ситни гестови и ситници што значат љубов. Сè започнува да тоне во индиферентност и заборав.
Партнерот постојано прашува: Дали си вистински среќен/среќна?
Секој ден. Без исклучок. На овој начин сака да се осигури дека раскинувањето е сосема добра и правилна одлука, без да има грижа на совест.
Бидејќи нормално, не сте баш секој ден среќни до небото и назад.
Партнерот поминува: Повеќе време со пријателите отколку со вас
И заборава да ви се јави дека заглавил. Жената/мажот што повеќе ужива со своите најдобри пријатели/ки, отколку со партнерот, се подготвува да стави точка на љубовта.
Партнерот ги откажува: Сите ваши идни планови
Кога го прашувате каде би оделе за Нова година, тој мумла нешто неразбирливо. Кога ја советувате партнерката да букирате карти за одмор многу порано за да биде финансиски поисплатливо, таа ви се чуди како може да размислувате за нешто толку далечно.
Во обата случаи, крајот е многу блиску.
(О)Милена | Црнобело