Знаци кои покажуваат дали таа е или не е вистинскиот избор за сопруга
Таа не е вистинсата ако:
1. Не е лојална
Ова е очигледен знак за кој не треба ништо повеќе да се објаснува. Едноставно, ако таа не е способна да ви остане верна, независно од причините, таа не е за вас.
2. Премногу излегува
Можеби на почетокот нема да ви пречи, но доколку тоа не се промени, понатаму со сигурност ќе ви претставува проблем, а не го посакувате тоа за цел живот. Замислете таа постојано да ги поминува ноќите излезена со другарките, а вие да се грижите сам за домот и семејството.
3. Излудува кога вие ќе излезете сами
Ако постојано е љубоморна кога излегувате сами и ви прави проблеми пред секое излегување со пријателите, тогаш не треба да си ризикувате непотребни кавги во иднина.
4. Опседната е со вас
Има разлика помеѓу тоа девојката да се грижи за вас и секогаш да ви дише во врат, без да ве остави на раат. Никогаш нема да бидете среќни со жена која ве гуши.
М. М. | Црнобело