Знаци кои покажуваат дали таа е или не е вистинскиот избор за сопруга
Жените се многу комплицирани и никогаш не може да знаете што сакаат или не сакаат тие во моментот.
Токму затоа е многу тешко мажите да одлучат дали таа е вистинската или не.
Сепак, постои едноставен начин за тоа, само треба да си поставите неколку прашања, односно правила.
Како сакате да изгледа животот со неа? Каков да биде вашиот однос? Колку слобода ќе имате?
Прочитајте кои се 10-те знаци кои покажуваат дека таа е вистинскиот избор и 4 знаци дека не е.
Таа е вистинската ако:
1. Не го осудува вашето минато
Ако девојката ги знае вашите тајни од минатото и не ве осудува за нив, постојано вадејќи ги „на нос“, тогаш треба да ја задржите бидејќи таа е доволно зрела да знае да го одвои минатото од сегашноста и да го цени тоа што сте сега.
2. Се грижи за вас и ви помага
Ако сте настинати, сте имале долг работен ден и не сте расположени, знаете дека секогаш можете да сметате на неа која ќе направи да се чувствувате подобро. Или пак, ако треба да направи нешто за вас за што вие немате време, секогаш можете да се потпрете на неа.
3. Знае кога да ви даде простор
Таа знае кога треба да ве советува и можеби малку да биде досадна за ваше добро, но знае и кога треба да ве остави сами да донесете одлука за нешто. Исто така знае кога ви е потребно време сами и ја почитува вашата слобода.
4. Ве прифатила какви што сте
Нешто што најмалку би сакале да се случи е да го поминете животот со жена која постојано ќе се обидува да ве менува и ќе ве тера да ги правите работите како што таа сака. Па, дококлу сте ја нашле онаа која ве прифаќа какви што сте и ве охрабрува во тоа, зачувајте ја.
5. Се сложува со вашите пријатели
Доколку вашата девојка се сложува со вашите пријатели значи понатаму ќе имате можност сите заедно да се дружите, а плус, ќе се почитуваат еден со друг, па таа ќе ви дозволува да се гледате со нив и на само, а пријателите ќе го почитуваат вашето време поминато само со неа.
6. Одлична е во кревет
Со оваа девојка треба да го поминете цел живот, па важно е да уживате со неа во кревет и да ви се допаѓа интимноста со неа. Тоа можеби не е пресудно, но е секако во листата на приоритети.
7. Таа верува во шанси
Таа има разбирање и знае дека луѓето понекогаш прават грешки, па знае да ви даде шанса да ја поправите, иако тоа не значи дека треба да ја злоупотребите оваа карактеристика, бидејќи таа не трае вечно.
8. Ве штити
Во животот ќе ви биде потребен некој кој ќе се грижи за вас и ќе прави сѐ за ваше добро. Тоа понекогаш е тешко, па ако имате покрај вас девојка која ви го посакува најдоброто, не испуштајте ја.
9. Со неа секогаш ви е убаво
Жената со која ќе го поминете цел живот, треба да биде некоја со која уживате во заедничкото друштво – таа треба да биде ваша љубовница и ваш најдобар пријател.
10. Таа секогаш изгледа добро и се грижи за себе
Секоја девојка треба да се грижи за својот изглед без разлика на возраста или на тоа колку долго сте заедно. А, ако успева да ве заведе и наутро кога ќе се разбудите, тогаш таа е вистинската за вас.