„Како ми стои?“, „Ништо не ми е“ - Работи што мажите ги мразат кај жените
Кога зборуваме за животот на младите брачни парови, има многу работи во кои тие уживаат, но има и работи на кои пред да почнат да живеат заедно не биле навикнати, па сега им одат на нерви.
Но, да бидеме реални, и да не се млад брачен пар, секогаш има нешто што на некого ќе му смета.
Мажите се речиси „универзални“ – мрзливи, го оставаат капакот од тоалетната школка кренат, оставаат облека и чорапи насекаде и има уште неколку работи кои на жените им одат на нерви.
А, кога станува збор за работите кои мажите ги мразат кај жените, листата е малку подолга и мора да признаеме дека и девојките меѓу себе се слични, па повеќето ќе се пронајдат во голем дел од нив.
Одвојуваме топ 9 работи поврзани со жените, а на мажите им одат на нерви:
Можеби изгледа привлечно партнерот да ве гледа како се облекува и соблекувате, менувајќи облека и да се прашува како може да изгледате толку убаво, сѐ додека не побарате мислење од него за тоа.
Кога ќе ги прашате како изгледаат во фустанот, мажите се блокираат и се наоѓаат пред предизвик – дали нивниот одговор ќе биде оној кој вие го очекувате?
И да е искрен и да излаже, вие може да му се налутите, па затоа мажите го мразат ова прашање.
Мажите не сакаат непотребни дискусии за животот на луѓето за кои не се заинтересирани, па ги нервира ако постојано зборувате за животот на вашата пријателка или колешка.
Факт е дека луѓето со кои сте најблиски лесно може да „прочитаат“ кога нешто ви се случува и сосема е очекувано вашиот партнер да ве праша „Што ти е?“. Но, одговорот кој сите мажи ги ужаснува е следниов – „Ништо не ми е“.
Секоја кавга може да тргне на многу полошо доколку во текот на расправијата, жената почне да го споредува партнерот со нејзиниот бивши или со момчето на нејзината другарка.
За мажите е вистинско мачење кога ќе се вратат малку подоцна, изморени од работа и жената ќе ги дочека со сомнеж за тоа каде бил, што правел и го испитува за секакви детали, а доколку тоа е често, може да заврши лошо.
Почитувањето на приватноста е нешто што секој маж го очекува од жената и им оди на нерви кога таа се истрчува да раскаже сѐ пред пријателките, бидејќи нема потреба да имаат трета личност во врската.
Мажите не сакаат да ги слушаат осудувањата на нивната партнерка кон неговите пријатели или блиски луѓе.
Убаво е кога мажот знае дека неговата партнерка мисли на него, но им оди на нерви кога жените создаваат прослава од секаков настан во секојдневието.
На секој му се случува да направи грешка и ако таа еднаш е простена, нема потреба да се навраќате на неа постојано, бидејќи тоа никако не ви помага, а на мажите им оди на нeрви, со право.
М. М. | Црнобело