3 сигурни знаци дека треба да се смирите со поранешниот партнер
Ви недостига нивото на поврзаност што го имавте со него и сите потенцијални партнери ги споредувате со него?
По секое раскинување доаѓа еден миг кога на врската со поранешниот партнер гледате со доза на носталгија и се преиспитувате дали навистина требаше да се разделите.
Природно е да имате вакви чувства, дури и вие да сте тие што го иницирале раскинувањето. Но ако гледате дека ваквите мисли ви се јавуваат постојано во подолг можеби не е само осаменост.
Не е чудно двојките да се смират по разделбата и да си дадат втора шанса.
Еве кои се сигналите што ги посочуваат експертите во вакви ситуации:
Сфаќате дека причината за разделбата може да се поправи
Во тоа време проблемите поради кои се одлучивте за разделба ви изгледаа огромни, но сега кога гледате од оваа дистанца сфаќате дека сето тоа можело да се среди. Времето минато разделени често може да направи да се сетите на лесни решенија.
Понекогаш проблемите во врската во дадениот миг изгледаат поголеми од што навистина се. По паузата може да имате подобра комуникација и посилна врска.
Ако сте сигурни дека го имате решението за да бидете заедно среќни до крајот на животот, дадете си уште една шанса.
Секој нов потенцијален партнер во вашиот живот го споредувате со него
Секој нов потенцијален партнер во животот го споредувате со поранешниот. Ако мислите дека лошите навики на вашиот поранешен можете да ги поднесете полесно од лошите навики на новите луѓе, тоа е добар знак дека треба да му се јавите.
Во врската тие негови навики ве полудуваа, но сега кога гледате дека секој човек има свои негативни страни, сфаќате дека неговите биле од оние што можете да ги толерирате. Откако почнавте да се состанувате со други луѓе гледате дека секој има свој багаж и не постои ниту еден совршен за вас на хоризонтот.
Ако состанувањето ви е тешко и постојано анализирате како беше со него, а како сега, јавете му се веднаш.
Копнеете по интимната поврзаност што ја имавте со него
Се разбира, дека вашата стара врска имаше негативни аспекти, но не можете да престанете да мислите на добрите работи со вашиот поранешен партнер и тоа не само на оние поврзани со секс.
Пријателствата воспоставени во интимните врски може да бидат основата на која опстануваат врските. Ако имавте нешто такво со поранешниот и тој ви недостига како личност со која сте можеле да разговарате апсолутно за сè, тогаш време е за смирување.
Таква поврзаност, која е многу повеќе од само физички контакт, е тешко да се воспостави.
С. С. | Црнобело