Денес се сакаат, утре се откачуваат: Зошто топло-ладно врските се толку актуелни?

Не станува збор за некакво чудно однесување. Воедно, не е карактеристично само за тинејџерите, туку присутно е и кај зрелите луѓе.

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-1.jpg

Првин, личноста премногу ви се допаѓа, па чувствувате дека сте вљубени до уши. Но, одеднаш сѐ се менува. Во еден миг ја губи сета привлечност во вашите очи, или, пак, обратно. Звучи како добро познато сценарио, зар не?

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-2.jpg

Притоа, кога велиме одеднаш, мислиме на моментите кога ќе почне поинтензивно да ви праќа пораки, да ви говори дека сака почесто да се гледате, или, пак, да ви ја „лајкува“ секоја можна објава на социјалните мрежи...

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-3.jpg

Зошто го губите интересот за луѓето кои ви се постојано достапни? Од која причина стануваат незанимливи? Топло-ладно врските се мошне актуелни, а им се случуваат на сите луѓе, независно од возраста. Пресудно влијание имаат неколку психолошки фактори.

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-4.jpg

Како прво, луѓето по природа го сакаат ловот, неизвесноста и играта, а штом резултатот им е познат, тие го губат интересот, тврдат психолозите.

Меѓутоа, одговорот може да лежи и во нешто сосема друго, за кое не сте ни свесни. Се работи за бегство од интимноста.

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-5.jpg

Оттука, многумина се повлекуваат во ситуацијата, кога другата страна ќе покаже дека е загреана, заштитувајќи се себеси од можното повредување.

При зближувањето со некого, паѓаат маските и ѕидовите кои внимателно сте ги граделе со години. Станувате почувствителни и поранливи, па лесно може и да излезете повредени од таквиот однос.

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-6.jpg

Третата е причина е поврзна со очајот. Упорните личности, кои понекогаш не ви допуштаат нормално да дишете, апсолутно се непожелни како партнери. Па, на првите такви знаци, многумина бегаат како избезумени.

denes-se-sakaat-utre-se-otkachuvaat-zoshto-toplo-ladno-vrskite-se-tolku-aktuelni-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg