8 знаци дека нема сериозни намери кон вас
Во јавност не ве држи за рака, а средбите со вашите сакани му се најголема мака во животот.
Навистина е тешко некому да го посветите времето и енергијата во врска и на крај да завршите со скршено срце и предадени. Многу луѓе на почетокот изгледаат шармантни, но се само ѓаволи полни слатки зборови.
Кога веќе нема да им бидете забавни, тие ве оставаат без размислување и продолжуваат понатаму. Без способност за емпатија по вас лесно ќе преминат на наредниот „проект“. Затоа бидете внимателни со кого се состанувате.
Доколку кај партнерот ги забележите овие симптоми, веднаш тргнете се од таа врска:
Ако сето слободно време го користи за да биде во врска со светот и нема време за вас тоа е загрижувачки сигнал. Очите и срцето штом ви велат нешто најчесто не е само параноја. Ако ви дава повод за сомнеж, испитајте добро.
Само што се запознавте, а тој/таа е до уши вљубена во вас. Запомнете дека манипулаторите ќе се обидат да ви го поткренат нивото на самодоверба до небо за краток период, па да ве треснат од земја потоа.
Никогаш нема време за да минете цела ноќ заедно. Постојано некој го чека, некаде има средба и вие завршувате на дното на листата на негови приоритети.
Тие осцилираат од вљубеност до уши до рамнодушност без причина. Врската за нив е безначајна, но ќе направат да мислите дека вие сте винови за сè.
Ако некој вистински ве сака, тој ќе сака да биде дел од секој аспект на вашиот живот. Единственото објаснување ако не сака да ги запознае вашите пријатели и роднини е дека не се гледа во иднина со вас.
Кога и да се спомене темата да ја одведете врската на наредното ниво, темата се избегнува. Секогаш се вадат на тоа дека им е потребно време.
При секое јавно појавување со него, тој станува многу оддалечен и не покажува емоции. Може да ви кажува слатки зборови, но говорот на неговото тело кажува три пати повеќе за неговите чувства кон вас.
Секој што ве сака е заинтересиран за животите на вашите блиски луѓе затоа што сака на тој начин да се доближи до вас. Ако гледате дека не прави напор на ова поле, размислете добро дали вреди да останете во ваква врска.
С. С. | Црнобело