Дали влогот „да те изгубам, за да те добијам“ е разумен?

Има многу монолози, кои со причина никогаш не се оствариле како дијалог. Многу сценарија кои ги слушнало само огледалото и многу премолчени зборови за кои никогаш нема да се дознае дали би ја промениле сегашноста. Многу неискажани зборови.

dali-vlogot-da-te-izgubam-za-da-te-dobijam-e-razumen-01.jpeg

Повторно зјапам во мојата рефлексија, иако посакувам од дното на душата ти да бидеш таму, наместо по стоти пат да зборувам со себеси, тебе те нема од другата страна на огледалото. Ме боли помислата што мислите нема да ни се сретнат, иако можеби исти, којзнае.

Се смешкам како средношколец кој прв пат се вљубил. Ги имам тие црвени отпечатоци на моите образи и тој срамежлив поглед кој оди кон земјата, секогаш кога ќе се спомне твоето име. Иако никогаш не сум го почувствувал твоето присуство, се чувствувам како никогаш да не сум знаел за твоето отсуство.

Го чувствувам твојот парфем во мојот сон и се прашувам дали случајно си се населила во мојата постела, бесрамно. Го имам тој сјај во очите, оној на заљубените, како несакано да се втурнав во средношколски филм на моите несоодветни години за него. Но што може човек против чувствата?

Те сонувам секојдневно или можеби треба да кажам те сакам секојдневно, не знам што ме прави послаб. Што е пострашно, фактот што сум се затрескал до уши или фактот што никогаш нема да се сретнеме за да ја разбереш мислата на остарениот средношколец. Зошто животот беше толку измешан?

Секојдневно поминувам низ твојата коса, ги чешкам твоите раце со моите изгризани нокти, секој момент, секоја сцена од нашата средба, на која тогаш не и обрнав внимание. Посакувам да си тука и сега, реална, наместо илузија, да дојдеш, да слушнеш, да спознаеш, да одговориш, да бидеш моја, а јас твој, бескомпромисно.

Да заборавам на сите правила, на сите околности, пречки и ограничувања. Да ми кажеш „тука сум“ и да те прегрнам така што нема никогаш да отпуштам.

Во таа моја илузија ја замислувам твојата насмевка, знам дека ќе бидеме лонче и капаче, знам!

Мојот поглед е отсутен, дури и колегите на работа се подигруваат со мене, прашуваат која е мистериозната муза која ми ја краде мислата. Јас без одговор. Каде си, помислуваш ли ти на мене?

Ми значи твоето постоење, твоето заразно смеење, твојот мил, изговорен збор, ми значи секој твој чекор и секоја помисла. Ми значиш ти.

Секоја песна, секој филм, секој текст ме води кон тебе, без разлика колку сето тоа е неправилно, погрешно, несфатливо, невозможно. Ми требаш ти.

Дали вреди да се игра со оган иако знаеш дека можеш да се изгориш? Дали вреди да ги носам раните на огнот само за да дадам прилика моите фантазии конечно да се остварат?

Што би кажала ако седнеме на слатка вечера, со вино и свеќи, со пријатен разговор и можеби чудни прашања со уште почудни одговори. Би се снашла ли во улогата на остарена средношколка, би ја одобрила ли романтиката?  

Дали ќе размислуваш за она што има овој човек да го понуди или ќе почнеш да бараш рационални размислувања онаму каде што не треба да ги има?

Дали вреди зборовите конечно да ја видат светлината на денот или тоа би го срушило сè она што постои. Дали доцните средношколски филмови достигнуваат слава или завршуваат како залудно потрошен материјал?

Дали јас и ти некогаш ќе бидеме, дали ќе се сретнеме за да си кажаме, јас тебе, ако не ми се помати умот, ти мене, ако ти се помати умот. Како да се надмине реалноста, да се заборави минатото и да се живее сега, овде, немислејќи на иднината.

Повторно ќе ме обдени, со ќебе околу мене и желба да си крај мене, да зјапаме во ноќта сè додека погледите не ни се сретнат на друго место. Ми недостигаш, а ти кој знае каде си, сама на ладна постела очекуваш среќата да затропа на твојата врата. Нели е иронично?

Колку и да се обидувам да најдам баланс помеѓу лудост и глупост, рационално наспроти тинејџерски водени мисли. Секогаш ќе бидам растргнат помеѓу сега и немој да избрзаш. Колку и да сакаш да ги искажеш своите емоции секогаш ќе има некое „но”.

Дали добива оној кој ризикува или тој губи сè? Дали влогот, да те изгубам, за да те добијам е разумен?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg