5 фрази кои треба почесто да му ги кажувате на вашето момче

Вашето момче се чувствува посебно и сакано кога во детали му кажувате колку е прекрасен. Недостатокот на покажување на вашите чувства може да биде извор на многу тензија во врската.

5 raboti koi pocesto treba da mu gi kazuvate na vaseto momce 1 copy

Затоа, време е да пронајдете различни начини да му покажете на момчето колку го сакате и колку ви значи:

1. Покреативно „те сакам”

Кога вашата врска станува сериозна, дури и моќното „те сакам” станува здодевно и предвидливо, дури и за момче кое сака да слуша колку го сакате.

Ако ја промените малку фразата, изразот ќе стане повторно посакуван.

Наместо „те сакам”, следниот пат кажете му „го сакам начинот на кој секогаш знаеш да ме смириш кога не ми е добро”, „те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш” или пак „те сакам до месечината и назад”.

Кога ќе додадете неколку зборчиња плус, вашиот излив на љубов звучи многу повистинито и не изгледа како да го кажувате од навика.

2. „Ја донесуваш правилната одлука”

Кога на вашето момче му давате вербална афирмација дека одлуката која ја донел е добра, му давате и самодоверба.

Кога мисли дека го поддржувате, тогаш знае дека може да смета на вас.

Независно дали е за промена на работното место, стресна фамилијарна одлука или откажување од нездрава навика, не дозволувајте промените во неговиот живот да поминат незабележано кај вас.

Кажете му дека ја има вашата поддршка и дека ги почитувате неговите одлуки и тоа што презема одговорност врз својот живот.

3. „Горда сум на тебе”

Честитање на луѓето кога ќе постигнат нешто големо треба да ни доаѓа природно.

Како што би ја гушнале вашата внука силно после школската претстава или како што би биле очигледно среќни кога тимот на вашиот брат победил во кошаркарскиот натпревар, така и во врската не треба да заборавите да покажете колку сте горди на партнерот.

Кога сте во долга врска и имате секојдневна рутина со партнерот, лесно е да се заборави да се покаже колку всушност сте горди на неговите достигнувања, но овие работи се неверојатно важни дури и ако се работи за мали достигнувања.

Бидете дел од малкуте луѓе што ќе ги забележат дури и најмалите достигнувања и покажете колку сте горди на него.

4. Различен начин на кажување „благодарам”

Како што можете на повеќе начини да му кажете на партнерот дека го сакате, исто така можете да ја примените оваа метода и со зборот „благодарам“.

На пример, кажете му на партнерот „благодарам што купи вечера за двајцата” или „благодарам што ме однесе на работа денес”.

Колку и да се мали работите кои ги направил, одвреме-навреме покажете дека ги цените тие мали слатки гестови.

5. „Не би сакала да бидам на било кое друго место во моментов”

Овие очигледни фрази може понекогаш да ви е чудно да ги изговорите. Мислите дека фактот што сте со него го кажува сето тоа.

Меѓутоа, кога ќе кажете нешто како: „Среќна сум што сум со тебе тука во моментот“, или „навистина ми значиш“, тогаш моментот ќе стане уште поспецијален.

Секако, ова се само мал дел од работите кои можете да ги кажете. Има многу популарни фрази кои можете да ги искористите.

Исто така, зборовите не мораат да бидат изговорени, можат да бидат и напишани. Ако сте посрамежливи, пробајте да ги кажете овие зборови преку пораки, писмо па дури и преку пораки на социјалните мрежи.

Кој и да е каналот на комуникација, важно е дека зборовите значат љубов.

А. В. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg