Одговори од гинеколог на 5-те најчести прашања кои се срамите да ги поставите
Женското сексуално здравје претставува табу тема дури и во 21-от век. Сè уште постојат прашања кои жените се срамат да му ги постават на гинекологот, а се однесуваат на делови од телото, инфекции, сексуална желба и слично.
Информираноста е важна за здрав сексуален живот, па во продолжение прочитајте ги одговорите на гинеколозите на прашањата за кои на сите жени им е незгодно да ги постават:
Како да избегнам инфекција на уринарниот тракт?
Инфекциите на уринарниот тракт се чест проблем кај жените и тоа е една од причините за посета на гинеколог. Вообичаени симптоми за овој проблем се неможност да се воздржите кога ви се оди во тоалет, болка за време на уринирањето и слично.
Гинеколозите велат дека еден начин да се спречат ваквите инфекции се уринирање пред и по сексуален однос. Природен лек за овие инфекции се и брусниците, па почесто пијте чај или сок од брусница.
Зошто интимните делови ми се суви?
Ако вагината е сува, сексуалниот однос може да предизвика болка и непријатно чувство кај жените. Еден од главните фактори за оваа појава според гинеколозите е природното опаѓање на нивото на хормоните со тек на годините.
Докторите препорачуваат користење на лубриканти за време на сексот, како и земање пробиотици и редовно правење Кегелови вежби.
Зошто често не сум расположена за секс?
Постојат многу причини за намалување на либидото кај жените. Гинеколозите објаснуваат дека физичкото и менталното здравје, животниот стил, искуствата и моменталната љубовна врска влијаат на либидото кај жените.
Според нив, важно е сексуалниот партнер да знае што сака партнерката во креветот. Ако не сте расположени, можеби ви треба подолга предигра или треба вие да му покажете на партнерот како да се однесува. Комуникацијата игра клучна улога.
Како да ги отстранам лошите миризби?
Постојат илјадници производи на пазарот кои гарантираат ослободување од секакви миризби на интимните делови кај жената, па жените мислат дека овие делови треба секогаш да бидат свежи и со пријатен мирис. Но, овие производи може да имаат спротивен ефект според гинеколозите.
Затоа, за да се ослободите од миризбата, тие препорачуваат да пиете повеќе вода, да јадете овошје и зеленчук и да намалите со алкохолот. Сепак, ако забележите промени или ако и понатаму имате непријатна миризба, добро е да посетите гинеколог за правилно да се третира овој проблем.
Дали е хигиенски ако имам секс додека сум во „оние денови“?
Според гинеколозите, сосема е во ред да имате секс додека сте во „оние денови“ од месецот. Но, потребно е да користите заштита бидејќи во тие денови сте поподложни на инфекции. Некои жени имаат зголемена сексуална желба за време на овие денови, а сексот докажано ги намалува менструалните болки.
Ако вашиот партнер нема ништо против, слободно практикувајте секс за време на овој период.
М. В. | Црнобело