Една навика со која ќе ја вратите заљубеноста од почетокот на врската
На почетокот од врската, речиси и да нема нешто за кое се жалиме. Не ги забележуваме толку мааните на партнерот и сé ни е убаво и возбудливо.
Но, како поминува времето, почнуваат да ни сметаат одредени нешта, кавгите се почести, а нервозата поприсутна.
За да ја вратите возбудата и заљубеноста од почетокот на врската, потребна е само 1 минута дневно.
Еве како:
1. Одберете мирен агол во домот каде што ќе можете да седнете и добро да се сконцентрирате. Земете лист и пенкало и затворете ги очите.
Замислете го вашиот партнер на почетокот на врската, во оној момент кога првично ве привлекол. Замислете како изгледал, како се однесувал, каде сте биле излезени и слично.
Потоа, запишете како сте се чувствувале во тој момент.
2. Започнете со правење на листа. Секој ден, пред спиење, одвојте 30 секунди за да напишете 3 позитивни квалитети поради кои сте се заљубиле во партнерот.
Секое утро откако ќе се разбудите, прочитајте што сте напишале.
3. Запишувајте ги квалитетите секој ден, во период од 30 дена. Според психолозите, она на кое мислиме секој ден ќе го окупира просторот во умот.
Кога свесно ќе одлучите да се фокусирате на позитивните карактеристики на партнерот, заљубеноста постепено ќе почне да се враќа и врската да се подобрува.
На овој начин, секогаш кога во врската ќе почувствувате дека одредени нешта станале рутина, ќе можете да се потсетите зошто го сакате вашиот партнер. Секако дека за здрава врска не е доволна само оваа вежба, но сепак таа помага да бидете свесни и да не ги заборавите причините што сте го одбрале баш тој партнер.
М. В. | Црнобело