Водич за мажи: Што (не) треба да им правите на жените?
Сакате да бидете подобри од она што сте и да престанете да ги правите работите кои ги повредуваат жените? Навистина не е толку тешко. Само треба да обрнете внимание на неколку важни детали и да станете маж за пример.
Имаме неколку предлози, а најдобро би било да ги земете сите предвид. И секако, да ги практикувате секојдневно:
- Не прекинувајте ја жената додека зборува.
- Доколку забележите дека некој маж постојано да прекинува жената додека таа зборува, реагирајте и укажете му на грешката.
- Не ѝ кажувајте на жената дека е луда.
- Немојте да се преправате дека сте феминист или се разбирате во феминизам, само за да ѝ се приближите на една жена,
- Немојте да ја допирате жената која не ја познавате, макар мислеле дека тоа го правите пријателски. Всушност, запрашајте се зошто воопшто имате потреба да ја допрете.
- Чувствувате ли како која било жена на светот ви должи нешто? Не ви должи ништо. Дури и доколку се работи за основно почитување, проверете прво дали вие го чувствувате истото кон неа.
- Не праќајте ѝ фотографии од вашиот пенис, освен ако самата не ви побарала.
- Доколку еднаш ви рекла НЕ, немојте повторно да ја прашувате.
- Доколку не се согласила на сексуален однос, оддалечете се од неа и не напнувајте.
- Ако жената е пијана, таа не е во состојба да се согласи на ништо поврзано со вас или вашиот пријател. Доколку вашиот пријател навалува да има нешто со неа, веднаш реагирајте, бидејќи тој е ваша одговорност.
- Доколку сте направиле нешто како што треба, не очекувајте медал или награда за тоа. Ви честитаме, имате основно воспитување.
- Вклучувајте ги жените во своите проекти, дадете им еднаква шанса во тимот.
- Не кажувајте шовинистички шеги кои го навредуваат женскиот род.
- Не очекувајте секоја жена по автоматизам да биде пријатна и слатка. Немојте да се нервирате доколку некоја жена не е онаква каква што сте замислувале. Тоа не е причина за навредување. Можеби и вие не сте некој кого таа го замислувала.
- Не правете претпоставки за женската интелигенција, способност или тежината врз основа на облеката која ја носи.
- Дадете ѝ плата на жената онолку колку што му давате и на машкото.
- Доколку жената ви кажува дека нешто сте згрешиле, сослушајте ја внимателно. Само затоа што се чувствувате лошо, немојте да ја префрлате вината на неа, со цел да си олесните себеси.
- Извинете се кога ќе направите нешто лошо.
- Не ја казнувајте жената само затоа што некогаш е сведок на вашата ранливост.
- Не мора лично да сте сведок доколку некој маж бил ужасен кон вашата жена. Верувајте ѝ.
- Не ја користете својата моќ пред нејзиното друштво или само со цел да ѝ го привлечете вниманието.
- Бидете свесен за својата природна моќ и користете ја да ја заштитите жената, особено во разговори со други мажи кога таа доживува неправда или е предмет на потсмев, озборување или осуда.
- Фактот што и вие некогаш сте биле маргинализиран или сте доживеале некаква неправда не значи дека немате способност да ја повредите жената.
- Доколку ве боли нејзината болка, не ставајте се над неа и немојте да ѝ додавате сол на раната.
- Немојте ниту во еден момент да помислите дека ниту една од овие работи не се однесуваат на вас, само затоа што „вие не сте таков тип“.
(O)Милена | Црнобело