Фото-серијал: Како изгледаат жените пред, за време на оргазам и по него?
„The O project“ е фото-проект на бразилскиот фотограф, Маркос Алберти, со цел да се срушат бариерите за женската сексуалност кои постојат и во модерното време.
Проектот се состои од колажи на фотографии. Секој колаж се состои од четири фотки кои го прикажуваат изразот на лицето на жените пред да доживеат оргазам со помош на вибратор, за време на оргазмот и потоа.
На фотките се гледа само лицето на жените, а за време на фотосесијата долниот дел од телото им бил покриен.
Во проектот учествувале жени од САД, Франција, Кина и Сингапур, а пораката која Алберти сака да ја испрати преку овие фотографии е дека сите жени треба да имаат контрола врз својата сексуалност и околу тоа не треба да постојат никакви стигми и осуди.
Сето тоа е природно и нормално и ниту една жена не треба да се срами од нејзините сексуални желби и потреби.
М. В. | Црнобело